Agencija-za-audio-i-audiovizuelni-mediumski-uslugi-fev17-Meta

ААВМУ бара ТВ „Алфа“ да им се извини на Pомите за направена дискриминација

Телевизијата „Алфа“ ќе мора да им се извини на граѓаните од ромска националност поради констатирана дискриминаторска содржина во прилог емитуван во информативните изданија, соопшти ААВМУ.

Комисијата за заштита од дискриминација утврди елементи со навредлива содржина на основа на етничка припадност и припадност на маргинализирана група, во јавното информирање на телевизијата.

Според Агенцијата, телевизијата со прилогот „Сè побројни и понасилни се Циганите на раскрсниците“, поттикнала и ширела дискриминација кон Ромите, врз основа на етничка припадност и на припадност на маргинализирана група.

„Имајќи предвид дека се конкретизира и се наведува на одредена група дека шири насилство на раскрсниците на улиците, постои повреда на Законот за спречување и заштита од дискриминација, во смисла на ширење на омраза и нетрпеливост“, стои во одлуката на Комисијата.

Оттаму бараат од „Алфа“ во рок од 30 дена од приемот на препораката јавно да им се извини на Ромите, како маргинализирана група која е идентификувана во прилогот како насилничка и посочена дека шири насилство на раскрсниците по улиците.

Од „Алфа“ во одговор до Комисијата напишале дека не постоела намера да се направи дискриминација и дека со одлука на уредувачкиот колегиум, новинарот и уредникот на вестите биле казнети со 20 отсто од платата во текот на три месеци.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *