ZNM-OBSE

Селмани: Владата сака да ја игра улогата на главен уредник на медиумите

За Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е апсолутно неприфатлива идејата на Владата таа да ја регулира медиумската содржина, истакнал претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, на средбата со новиот генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, кој е во посета на земјава, а на која учествувале претставници на пет граѓански организации.

„Тоа е во спротивност со најдобрите практики во европските демократии“, рекол Селмани и нагласил дека наметнувањето парични казни за начинот на известување на новинарите покажува дека Владата сака да ја игра улогата на главен и одговорен уредник на медиумите.

Според Селмани, Владата досега не покажала желба за вистинска дебата со аргументи околу моделот за финансирање на „Македонската радио-телевизија“ (МРТ).

„Ако Владата однапред знае дека за МРТ треба да се одвојат само 0,7 отсто од буџетот на државата, тогаш за што служи дебатата за законот“, запрашал Селмани, се наведува во соопштението за средбата.

Претседателот на ЗНМ на средбата со Гремингер посочил и дека во Македонија постои јасна тенденција за неказнивост на насилството врз новинарите затоа што ниту еден насилник не е изведен пред лицето на правдата.

Тој изразил разочарување што пред две недели полицијата приведе двајца новинари во полициска станица за наводно снимање судии на објавувањето на пресудите за случајот „Диво Насеље“, а во суштина ги испрашувале за снимање на полицијата пред судската зграда.

„Тоа е апсолутно неприфатлива практика“, истакнал Селмани и додал дека полицијата сè уште ги третира новинарите како опасни луѓе на кои не треба да им се верува.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Гремингер, ги запознал претставниците на граѓанските организации со целите на неговата посета на земјава, односно да се запознае со агендата за реформи на Владата.

 

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *