vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за работа на Македонската радио-телевизија (МРТ) за 2018 година и предлог – одлука за одобрување на финансискиот план за 2018 година на МРТ.

„Оваа одлука е придружена со мислењето на Владата во кое се истакнува дека ненавременото ставање на годишната програма за работа на МРТ не е објавена согласно законот, го попречило обезбедувањето на влијание на јавноста врз вкупното работење на јавниот сервис, како и дека МРТ ги прекршила сопствените професионални принципи за сеопфатно информирање на јавноста со прекинот на директниот пренос од Собранието на Република Македонија на 27 април“, стои во соопштението.

Основач на МРТ е Собранието на Република Македонија, пред кое националниот јавен сервис ги доставува годишната програма и финансискиот план, како и пред кое одговара.

Владата денеска расправала за МРТ по побарано мислење од Собранието.

– Исто како што Уставниот суд во одредени случаи бара мислење од Владата, така тоа го прави и Собранието. Денешната расправа беше по побарано мислење од Собранието, кое ги усвојува годишната програма и финансискиот план на МРТ – изјави за „Мета“, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.

Check Also

Damjan-Manchevski-press-budzet-2018-MRT-i-AVMU-6dek17-MIOA1

Објавена последната верзија на предлог-законот за АВМУ, на потег е Владата

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја заврши последната верзија на Предлог-Законот за изменување и дополнување на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *