Dacko

Гореше трска на Женска плажа во Струга

str

Денес во претпладневните часови пожар го зафати крајбрежните дел со трска  на Охридското езеро, поточно на Женска плажа во Струга. Екипа од противпожарна бригада од Струга успеа да го локализира и изгаси пожарот пред тој да зафати подолем дел од трската. Активистите од невладините организации стравуваат дека во пожарот можеби настрадале младите лебеди кои имаат свои живеалишта во овој појас. …

Read More »

Извисени пензионерите од Штип и Кочани

На крајот од мандатите на градоначалниците излегуваат одредени ветувања на виделина за кои многу се ветуваше,а ништо не се реализираше од ветеното. Во Штип здружението на пензионери со свои заштедени средства започна со изградба на дом за стари лица, но по извесен период оваа градба беше прогласена за дивоградба уште во нејзиното градење бидејќи ја немаше целата потребна документација.  Општината …

Read More »

НВО напад

По вторпат беше нападнато седиштето на здружението кое  ги застапува текстилните и кожарските работници  ,,Тивкото мнозинство- Гласно,, во Штип. Kако и првиот пат здружението е каменувано и причината e одредена материјaлна штета. Полицијата ден по нападот излезе на увид, направен е записник и истата порача дека ќе го истражува случајот. Пред неколку месеци здружението, неговите простории беа нападнати на истиот …

Read More »

Јавна дебата „Згрижување деца од улица“ се одржа во Струга

  Центарот на заедницата на општина Струга денес организраше  дискусија на темa „Згрижување на деца од улица“. Катерина Талеска Скепароска, проект координаторот на Центарот, ја истакна потребата од поголем ангажман од страна на институциите за надминување на овој проблем со координирано делување на  институциите кои се занимаваат со оваа проблематика. „Најчесто овие деца се од ромска националност и се на …

Read More »

Изложба во чест на Борис Чипан- „По трагите на еден модернист“ вечерва се отвора во Скопје

Во организација на Музеј на град Скопје вечерва ќе биде отворена изложба во чест на Борис Чипан „По трагите на еден модернист“. Куратор на изложбата е архитект Фросина Зафировска, а ќе ја отвори д-р проф. Минас Бакалчев, декан на Архитектонски факултет УКИМ, Скопје. Концептот на изложбата е со цел  го  презентира професионалниот  и животен пат на архитектот Борис Чипан (27 …

Read More »

Старата општинска зграда – село Облешево

Во село Облешево кое во склоп на општината Чешиново –Облешево општинската зграда која со децении се користеше за потребите на селото и селата од околината како матична служба, зграда во која имало постојана медицинска сестра како и општ лекар. Зградата била одржувана како внатре така и надвор, односно зеленилото во дворот. По неколку децениско одржување и употребување на зградата,  новите …

Read More »

И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

  Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република Македонија изјавуваат нема да дадат поддршка на годинешните активности за одбележување на Денот на основањето на судовите. Судската служба останува на своите барања за зголемување на платите, потврдува Борче Мирчевски, претседател на Здружението на судска администрација на Република Македонија. „ Некогаш револтот е поголем поради …

Read More »

223 затруени работници во тетовската фабрика „Леар“

Во тетовската и гостиварската болница изминатава ноќ биле донесени со комбиња на брза помош и хоспитализирни 223 работници од третата смена од фабриката „Леар“ во тетовската технолошко индустриска развојна зона откако добиле стомачни болки и имале мачнини после вечерата во мензата на оваа фабрика. На заедничката прес конфернција на која беа од раководството на Клиничката болница, Центарот за јавно здравје …

Read More »

Соларна сушара за храна презентирана во Јегуновце

Наместо традиционално сушење на сонце изложени на атмосферски влијанија, овошјето и чајевите ќе можат да се дефидрираат во строго контролирани хигиенски услови. Преставници од бизнис секторот и земјоделците присуствуваа на обука како се користи соларна сушара зa храна. Обуката ја спроведува локалната акциска група „Скардус“ и беше одржана во Јегуновце. „ Обуката е да се мотивираат земјоделците да почнат да …

Read More »

Пожар во Штипско – Пенуш

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста и стрмноста на теренот во гасењето на пожарот  беа ангажирани штипската противпожарна станица со целиот капацитет, војниците на АРМ како и локалното население. Гасењето траеше долго а ветрот ја отежнуваше работата. Во овој дел често има пожари кои многу брзо се шират и прават непоправлива …

Read More »

Во гостиварската болница се одложуваат операциите за отстранување на катаракта

Во гостиварската болница во прекин е операцијата за отстранување на катаракта , поради административни  потешкотии. На листата на чекање за операција на катаракта (перде) на очите се наоѓаат околу 200 пациенти од Гостивар и околината се. Во соработка со Клиниката за очни болести од Скопје, гостиварската општа болница минатата година започна да ја изведува оваа оперативна техника. После десетина успешно …

Read More »

Партнерство за подобра бизнис регулатива

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. Поради недоволно познавање на законите и поради честите менувања на истите фирмите се соочуваат со инспекциски казни. Најчесто санкционирани се малите и средните претпријатија за прекршување на даночното законодавство, законите за работни односи, здравје и безбедност при работа како и законот за животна средина истакнаа …

Read More »

Кумановските кошаркари за прв пат ќе се борат за шампиони на Балканот

Последната кошаркарска утакмица на домашен терен на КК Куманово со косовскиот клуб од градот Пеќ им го отвори патот на кумановските кошаркари за прв пат да се натпреваруваат за титулата шампиони на Балканот. Победата која што кумановските кошаркари ја освоија во мечот со Пеќ, им ги отвори вратите да станат финалисти во БИБЛ лигата и да се борат за на …

Read More »

Ендемски вид на образование – сопругот синдикалец, сопругата во Училишен одбор

  На последниот состанок на наставничкиот совет од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп, одделенскиот наставник Верица Думбалоска е избрана за член на Училишниот одбор при истото училиште. Ваквата вест воопшто и не би предизвикала никакво внимание, доколку не се знае дека сопругот на Думбалоска, Златко Думбалоски, освен што е наставник во истото училиште, истовремено е и прв човек на основната …

Read More »

„Нема плата, нема мир” во Крива Паланка, работничките на протест

Неколку стотици работнички од фабриката „Кадоро Ото“ во Крива Паланка маршираа низ улиците на Крива Паланка барајќи ги своите работнички права. Со години наназад во текстилната индустрија во Крива Паланка е забележено енормно кршење на работничките права, па така после долго време молк, работничките од компанијата „Кадоро Ото“ се дадоа на протест, каде што си ги бараат своите заработени пари. …

Read More »