Источен регион

Асфалтирани улици за ромите, наспроти прослава

На седница на општина Штип, градоначалникот пред советниците истакна дека оваа година нема да се издвојат 60,000 денари за прослава на меѓународниот ден на ромите туку истите ќе  бидат пренаменети за асфалтирање на улиците „Косовска“, „Сутјеска“,  „Радански пат“ и  „Славчо Стојменски“ односно дел од ромското маало. ,,Поголема е потребата од афалтирани улици отколку од еднодневно празнување и трошење на пари.“ …

Read More »

Парк на „Mакфест“

Во Штип се гради парк  кој би  го претставувал најпознатиот настан во Штип,  фестивалот на забавни мелодии „Mакфест“. На местото на веќе постојниот парк се гради бетонско-метално здание кое навидум треба да биде забавно место за Штипјани. На местото претходно имаше клупи и тревно зеленило како и високи дрвја, раснати со децении, кои за потребите на проектот беа делумно исечени. …

Read More »

Индустриската зона – Овче Поле

op

Во индустриската зона Овче Поле  пред три години се најавуваше фабрика за производство на печурки . Фабриката беше објавена како странска инвестиција на холандски бизнисмен Теодорос Ван Кампен, кој за потребите на производството отвори и своја фирма во Тетово “ИД Балкан ДООЕЛ”. Но по три години од помпезниот почеток и изградбата само на надворешните ѕидови на фабриката, нема ниту фабрика, …

Read More »

Студот и сиромаштијта земаат жртви

is

Во источна Македонија расте бројот на лица кои животот го изгубиле во пожар, поради неисправна инсталација или отворен оган, живеејќи во субстандардни услови и без никаква грижа на надележните институции. Во повеќе рурални и градски средини животот го губат претежно возрасни лица со просечна возраст од 60 до над 80 години, кои беспомошно се труделе да се стоплат и да …

Read More »

Холокустот на евреите – поттик за нови ветувања на Илчо Захариев

stip

На 9.Мај се одбележува денот на депортација на Евреите од Македонија, во 1943 година. Од Скопје, Битола и Штип се депортирани евреи кои никогаш не се вратиле во родните домови во Македонија. Од Штип биле депортирано 530 Евреи, кои засекогаш заминале и речиси градот останал без Евреи. По втората светска војна секоја година се одбележува денот на депортацијата, но и се изградени …

Read More »

Општините во источна Македонија со предизборни ветувања

ist

Во речиси сите општини во источна Македонија, без оглед на протестите и неизвесната состојба по парламентарните избори, во речиси секоја општина на прес конференции и за провладините медиуми од регионот се најавуваат проекти како изградба на патишта, изградби на туристички населби, доопремување на јавните претпријатија и слично. Откако од СДСМ во речиси сите општини ги објавија кандидатите, за кои подоцна …

Read More »

Општина Карбинци се празни

кб

За само еден ден во село Радање – општина Карбинци се продадени дури 15 куќи. Во ова село кое  се наоѓа под планината Плачковица според последниот попис живееле 540 македонски жители и околу 63 турци. Турското население го има во Плачковичкиот регион, особено во делот Јуруклук каде живеат неколку илјади жители во десетици села од разбиен тип. Со текот на …

Read More »

Вандализам и несовесност

stp

Во неколку наврати во месноста ,,Св. Недела,, во Штип се палат контејнерите за ѓубре за што интервенира и противпожарната служба, дури и неколку пати во една недела. Загрижените граѓани ги информирале и полицијата и општината, но никаков одговор не добиле од нив. ЈП ,,Исар,, излегле со решение да го тргнат контејнерот кој неколку пати бил пален, но по формирањето на …

Read More »

Неформално образование за младите припаднички на етничките заедници

%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf

Во текот на целата недела во период од четири дена беше спроведена обука на млади средношколки, припаднички на етничките заедници за неформално образование и обука за полесно влегување на пазарот на трудот. Во тек на сите четири денови младинките беа запознати соначинот  на изработка на сопствено портфолио, како лична биографија и изработка на мотивационо писмо пред вработување како и запознавање …

Read More »

Добиен спорот против градоначалникот Илчо Захариев

stip

Пожарникарите од противпожарната станица во Штип веќе подолг период се на удар на инаетот и самоволието на градоначалникот Илчо Захариев, кој не сакал во период од две години да им ги плаќа прекувремените саати работа и работа за време на викенд. Пожарникарите во неколку наврати закажувале средби со градоначалникот за андминување на проблемот и исполнување на законското право на овие …

Read More »

Наместо на работните места, на работна акција

стп1

Веќе подолг временски период во неколку наврати, градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, вработените во локалната администрација и во јавните претпријатија ги носи на работна ација, чистење на штотуку направените патеки во неколку места во Штип, во текот на работен ден и за време на работа. Вработените ,,масовно,, како што вели тој и ,,самоволно,, присуствуваат во чистењето на коритото на раката …

Read More »

ЈП Стипион редовно ќе го сервисира уличното осветлување

стп

Од пред неколку години за сервисирањето на уличното осветлување во Штип се грижеше струмичка фирма, на која за да излезе на терен и беа потребни неколку денови. ЈП ,,Стипион,, – Штип објасни дека ова јавно претпријатие од сега ќе може побрзо и поуспешно да се справи со дефектите особено поради тоа што јавноро претпријатие има набавено и сопствено возило за …

Read More »

Општините во источна Македонија без лекари

лк

Речиси во секоја општина во источна Македонија има недостиг на лекари специјалисти, а во општина Чешиново – Облешево не постои матичен лекар за жителите на општината. Во оваа општина секој граѓанин за обичен преглед треба да патува во Кочани или Штип. Ниту еден лекар не сеака да работи во  руралните и селски средини во овој дел на државата поради ниските …

Read More »

Штип останува без зелени површини

r4

Во месноста “Нервно” на местото на старата болница за ТБЦ, невролошкото и психијатриското одделение на болницата во Штип од ден во ден се намалуваат дрвјата, грмушките и општо зеленилото. Оваа болница имаше неколку згради кои беа стари и руинирани, но посебната природа околу нив придонесуваше за свежина во летните месеци на жителите на околните населби. Од ден во ден ова …

Read More »

Пехчево е празен град

peh

Во Пехчево се најавуваат нови  инвестиции од страна на градоначалникот Игор Поповски. Во реонот на овој град се планира да се изградат нови фабрики, сервиси и сл. Но она што е  многу важно за овој град е дали навистина инвеститорите би инвестирале во град во кој 20% од куќите се сосема празни, а во преостанатиот дел од градот живее претежно …

Read More »