Југоисточен регион

Новиот пазар во Гевгелија остана недовршен

pazar1

Најавата за покривање и пуштање во употреба на новиот градски пазар на крајот од месец март, се изјаловија. Бетонираниот простор од 5.888 метри квадратни со издигната челична конструкција во месноста Караорман ниту оддалеку не најавува дека ова е конечен проект од новиот Градски пазар во Гевгелија. Инвестиција започната 2012 година, а најавена дека ќе заврши кон крајот на  2013 година, …

Read More »

Струмички ученик прв на меѓународен фестивал во Москва

првакструмица

„Отворена планета – отворена порта“ е меѓународен музички фестивал кој минатата недела (21 – 26 март) се одржа во Москва, Русија под покровителство на УНИЦЕФ, а на кој престижното прво место го понесе ученик од Струмица. Младиот гитарист Стојан Стојанов од СОУ „Јане Сандански“ Струмица како учесник од Македонија го освои првото место во категоријата „инструментална изведба“ и стана носител …

Read More »

Акција за генерално чистење на градот Струмица

акција струмица

И оваа година Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од Струмица организира пролетна акција на чистење на градот Струмица и околните населени места. Акцијата под мотото „За чиста струмичка пролет“ започна минатата недела кога од две населби од градот беа подигнати 81 метар кубен разновиден отпад, градежен шут, земја, стар мебел, стари апарати за домаќинство. Во акцијата освен вработените на …

Read More »

Локалната власт го заборави, а ИПА фондовите ќе го спасуваат Динќут

DSC_1470

После единаесет години заборавеност и запуштеност, општина Гевгелија со ИПА средства се подготвува да го уреди излетничкото место Динќот Се работи за мало излетничко место одалечено само два километри од градската гужва, отсекогаш привлечно за гевгеличани за прошетки и починка во природа. Некогаш интересна атракција за децата и младите поради присуството на лулашки, вртелешки, вратило, клацкалки, клупи и дрвена куќичка …

Read More »

Хелсиншкиот комитет за човекови права го поддржува штрајкот на текстилните работнички и работници од Крива Паланка

17626152_10211430632057342_8527000149317174213_n

Интегрално соопштение на Хелсиншкиот комитет за човекови права: “Хелсиншкиот комитет за човекови права го поддржува штрајкот на текстилните работнички и работници од Крива Паланка, вработени во Друштвото за производство на чевли и трговија КАДОРО ОТТО ДООЕЛ експорт-импорт Крива Паланка. Вработените во КАДОРО ОТТО повеќе денови штрајкуваат во дворот на фабриката заради неисплатени плати и придонеси на плати за јануари и …

Read More »

Трибина за економска демократија во Струмица

ekonomska demokratija

Како дел од трибините низ Македонија на тема економска демократија, што се организираат во рамките на проектот финансиран од Швајцарската агенција за развој „Цивика Мобилитас“, утре ќе се дебатира во Струмица. На шестата трибина, насловена „Економска демократија: странски инвестиции, работнички права и кооперативи“ ќе се дискутира околу следните прашања: Колку пари потрошила државата за странските инвестиции? Што оствариле овие фирми? …

Read More »

Легализацијата на дивоградбите во Гевгелија тапка во место

легализација

Со стартот на Законот за легализација на дивоградбите во Република Македонија, од март 2011 година до сега во Општина Гевгелија поднесени се вкупно 2.985 барања за добивање решение за легален статус на објектот. Сепак од тоа решени се само 319 барања. Тоа значи дека со решение за правен статус на својот изграден објект се здобиле само 10,68 % од сопствениците-баратели. …

Read More »

ЈУГОТ ВО ДУХОТ НА ДИВИОТ ЗАПАД

pockov

Не е потерница, но е јавно објавена слика на гевгелиски пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ, наречен предавник. Не се бара жив, или мртов, се потсетува дека е учесник во конституирањето на органите во највисоката демократска институција во државата – Парламентот. А, што е работата на еден пратеник изгласан од мнозинството свои сограѓани,  кои ги претставува …

Read More »

Со поддршка на НВО секторот општина Струмица го интензивира прогресот на заедницата

костадинов

– Општина Струмица согласно својата програма за работа и Буџетот за 2017 година, останува верна на своите заложби за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондации, како што тоа го правеше и во изминативе години. Нештата кои во минатото беа со позитивен бенефит за граѓаните на Струмица заслужуваат и мораат да имаат континуитет – изјави вршителот на должноста градоначалник …

Read More »

Жртва на пожар во својот дом во Стар Дојран

позар

Како последица на пожар во семејна куќа во Стар Дојран, вчера им подлегнал на повредите 57-годишниот С.Д. Полицијата денеска извести дека од засега непознати причини пожарот пламнал во собата каде што спиела жртвата. Од густиот чад тој изгубил свест и паднал на подот. Пожарот го забележале соседите кои ја алармирале полицијата и локалната противпожарна бригада. Единицата на територијалната противпожарна единица …

Read More »

Зголемен бројот на сообраќајни незгоди во Гевгелија

сообраќајка

Скорешната тешка сообраќајна несреќа и трите изгубени млади животи, не’ натераа да се запрашаме каква е безбедносната состојба на патиштата во општина Гевгелија и регионот. Според полицискиот извештај на ПС од општа надлежност во Гевгелија за минатата 2016 година, сообраќајниот биланс на незгоди во општината и регионот во однос на претходната 2015 година зголемен е за 40%. Во текот на …

Read More »

Секој трет ден пожар во југот на државата

pozari

Територијалната противпожарна единица во Гевгелија која ги опслужува и општините Богданци и Дојран, во минатата година реализирала 124 интервенции, што во просек значи ангажирање на единицата на ТППЕ секој трет ден во годината. Од нив бројот на пожари во објекти е 22 изведени акции, но затоа пак бројот на пожари на отворен простор е трикратно зголемен за разлика од минатата …

Read More »

Донаторства на УО на Комуналец“ наместо одлуки за чиста вода

komunalno-gevgelija

Петточлениот Управен Одбор на гевгелиското јавно комунално третпријатие во извештајната 2016 година од 12 одржани седници повеќе се занимавал со одлуки за донаторства отколку за прашањата и потребите на корисниците. Прво и основно, нема ниту една посветена точка за проблемот со арсенот во гевгелиската вода, иако изминатите две години барем во четири наврати им се доставени информации за енормните концентрации …

Read More »

Празот и зимската зелката од Гевгелија и гевгелиско се откупуваат по ниски цени

земјоделцигвг

Земјоделците од гевгелиско се жалат на откупната цена на зимската зелка. Откупувачите се малку и нудат цена од 5 до 8 денари за килограм зелка. Тие додаваат дека се откупуваат мали количини од страна на трговците кои зелката подоцна ја пласираат на пазарите на бившиот Советски сојуз. Лоша е и состојбата со празот од Мрзенци. Трговците се со мал интерес …

Read More »

Обука за ненасилна комуникација и медијација во Струмица

obuka sr poster

Центарот на заедницата на општина Струмица објавува повик за учесници на обука на тема „Ненасилна комуникација и медијација“ – тренинг за млади. Обуката ќе се одржи на 30 март (четврток) 2017 година во периодот од 9:30-17:30 часот во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица, која се наоѓа во Домот на АРМ – Струмица. Тренингот за ненасилна комуникација и …

Read More »