Југозападен регион

Гореше трска на Женска плажа во Струга

str

Денес во претпладневните часови пожар го зафати крајбрежните дел со трска  на Охридското езеро, поточно на Женска плажа во Струга. Екипа од противпожарна бригада од Струга успеа да го локализира и изгаси пожарот пред тој да зафати подолем дел од трската. Активистите од невладините организации стравуваат дека во пожарот можеби настрадале младите лебеди кои имаат свои живеалишта во овој појас. …

Read More »

Јавна дебата „Згрижување деца од улица“ се одржа во Струга

  Центарот на заедницата на општина Струга денес организраше  дискусија на темa „Згрижување на деца од улица“. Катерина Талеска Скепароска, проект координаторот на Центарот, ја истакна потребата од поголем ангажман од страна на институциите за надминување на овој проблем со координирано делување на  институциите кои се занимаваат со оваа проблематика. „Најчесто овие деца се од ромска националност и се на …

Read More »

Изложба во чест на Борис Чипан- „По трагите на еден модернист“ вечерва се отвора во Скопје

Во организација на Музеј на град Скопје вечерва ќе биде отворена изложба во чест на Борис Чипан „По трагите на еден модернист“. Куратор на изложбата е архитект Фросина Зафировска, а ќе ја отвори д-р проф. Минас Бакалчев, декан на Архитектонски факултет УКИМ, Скопје. Концептот на изложбата е со цел  го  презентира професионалниот  и животен пат на архитектот Борис Чипан (27 …

Read More »

И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

  Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република Македонија изјавуваат нема да дадат поддршка на годинешните активности за одбележување на Денот на основањето на судовите. Судската служба останува на своите барања за зголемување на платите, потврдува Борче Мирчевски, претседател на Здружението на судска администрација на Република Македонија. „ Некогаш револтот е поголем поради …

Read More »

Со проект на локалната самоуправа на Охрид ќе се заштитуваат охридските чинари

  Седумте платанови стебла во Охрид со Законот за заштита на природните реткости од 1973 се прогласени за споменици на природата, а нив општина Охрид преку изготвен проект кој треба да се реализира во наредните неколку месеци планира да ги заштити. Со проектот се предвидува да се направи анализа во каква состојба се платаните, понатаму да се изработи на елаборат …

Read More »

„Проаква“ чека политичка разврска за да продолжи со делбената постапка

  По отпочнување на постапката за делба на на претријатието „Проаква“ на Р.Е. Охрид и Струга процесот заглави низ институциите. „Комисијата која што беше формирана од Владата во која бев член и јас а присуствуваа и двајцата градоначалници и министрите од ресорните министерства, екологија, економија, транспорт и врски не се состана од причини познати на сите вас овде, бидејќи покрај …

Read More »

„Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост“ ќе се спроведува во Охрид

Основна цел на проектот е поттикнување граѓански активизам во помалите средини во Македонија преку медиумска писменост т.е. запознавање на јавноста со тоа што се медиуми, како се креира вест, како да се препознае разликата меѓу реклама, вест и манипулација, како да се препознае политичка или друг вид пропаганда и директна граѓанска активност во решавање на предизвиците во тие средини преку …

Read More »

„Зш Авантура“ со еко тура по течението на Црн Дрим покажува каков е односот на граѓаните кон природата

Изминатиов викенд членови на Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „Зш Авантура“ имаа велосипедска тура во струшкиот регион.Нивната рута по течението на реката Црн Дрим, преку нивните фотографии ја покажа уште еднаш ниската свест на граѓаните кон природата. На повеќе локации велосипедистите наидоа на разновиден отпад. Овој регион е претворен во мини депонија. На фотографиите направени во близина на село …

Read More »

„Здружение на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ Охрид со подршка на барањето за мораториум за лов на пастрмка

Барањето на концесионерот за стопански риболов на Охридско Езеро за мораториум на улов на охридска пастрмка наиде на подршка од ,,Здружението на рекреативни риболовци“ од Охрид. Имено тие покрај бројните апели до надлежните институции се огорчени од негрижата за рибниот фонд на езерото. Во продолжение во целост го пренесуваме нивното соопштение. „ Јавно ги запрашуваме надлежните институции и министерства каде …

Read More »

Обука за право на слободен пристап до информации од јавен карактер во Струга

Вчера, во Струга, во организација на  Центарот на заедницата Струга се одржа обука за пристап до информации од јавен карактер. На обуката беше разработена правната рамка за регулирање на оваа материја, како и начинот и постапката за пристап до ваквите информации, а исто така и за постапката за правна заштита за слободниот пристап до јавни информации. Над 60 проценти од …

Read More »

Поголема транспарентност како се трошат нивните пари бараат граѓаните во Струга

Општина Струга е на 45 место од вкупно 81 општина, по веб транспарентност. Ова го покажа истражувањето на Центарот за управување со промени и Центарот за одржлив развој АЛКА од Скопје во соработка со општина Струга. „Ова истражување имаше за цел да постави една основа и да претставува еден конструктивен натпревар меѓу општините како да ги подобрат сите податоци и …

Read More »

Уникатна изложба на јапонска графика во Струга

Од 22 ри до 27 март во просториите галеријата ,,Вангел Коџоман“ во организација на музејот ,,Др Никола Незлобински“ во Струга се одржува изложба на принтови од дрворез изработени во Укијое стил од страна на најзначајните јапонски  уметници мајстори. Овој уметнички правец  се развива од раниот 17ти до крајот на 19ти век. Оваа изложба е ретка можност за стружани да се …

Read More »

Чарлс Симиќ прогласен за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата

Чарлс Симиќ, поет од САД е добитникот  на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2017 година. Денес ова беше објавено  на свеченоста во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. Со наградата „Златен венец“, како што стои во одлуката, се наградуваат поетските  достигнувања на Симиќ. ,,Тој е познат на сите меридијани, на сите континенти, ги има добивано …

Read More »

Mораториум на лов на охридска пастрмка бара концесионерот на Охридското Езеро

Целосна забрана за лов на охридска пастрмка во наредните 10 години  побара концесионерот со Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, извести телевизија  „Алсат М“. Според нив  ова  е единственото ефективно решение кое ќе придонесе  овој загрозен ендемски вид на риба повторно да се врати во езерото. Ова барање од страна на концесионерот  било поднесено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „За …

Read More »

Запрена градбата на хотелскиот комплекс во Лагадин

На 17 март од страна на општинскиот градежен инспекторат e запрена градбата на хотелскиот комплекс во Лагадин. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам упати барање до Општина Охрид да го поништи одобрението  за градење на хотелскиот комплекс  на самиот  езерски брег, тогаш од секторoт за урбанзиам излегоа со тврдење дека нема причина за запирање е на градбата бидејќи биле запазени …

Read More »