Југозападен регион

Промоција на документарен филм за Охридското езеро

ох1

Вечерва од 19 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде промовиран документарниот филм „Танцот со пастрмките“, на кој во изминативе  години работеше тим на Нуркачкиот центар „Амфора“, од Охрид. Филмот е сниман пет години во водите на Охридско Езеро, за време на мрестот на пастрмката, инспирација за неговото создавање е мистериозноста на пастрмката, а целта е заштита на популацијата на …

Read More »

Агенцијата за млади и спорт со отчет 2016 година, Охрид и Струга на маргините

ams

Откако после бројни најави конечно почна  изградба на затворениот пливачки базен во Охрид, од агенцијата велат дека изградбата е во “напредна фаза” со што се очекува да се вратат спортовите  како пливањето и ватерполото. За овој овој објект се издвоени околу пет милиони евра од буџетот на Агенцијата за млади и спорт. Од вкупниот број на терени кои се предвидени во …

Read More »

Американското катче во Струга со нови активности

acm

Во склоп на својата работа амерканското катче постојано организара низа за активности со кои ги промовира можностите за грантирање на разни иницијативи со подршка од амерканската Влада. Една од нив е и информативната сесија за две програми за млади до 25 години. CEP е петгодишна иницијатива финансирана од Американската Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД), спроведувана од Ист Вест Менаџмент Институт …

Read More »

Музејот на езерото Бива од Јапонија и Хидробиолошкиот завод Охрид започнуваат соработка

хбо

Договорот за соработка ќе биде потпишан од директорот на Хидробиолошкиот завод д-р Елизабета Велјаноска Сарафилоска и директорот на Музејот на езерото Бива д-р Тори Шинохара. Потпишувањето на Договорот за соработка е уште еден чекор напред во зајакнувањето на македонско – јапонската билатерална соработка во научната област, со кој се овозможува размена на научни искуства и заеднички проекти меѓу двете институции, …

Read More »

Повисоки температури и нови проблеми за Охриѓани

ohridvo10_05_01_2017-1024x611

Со зголемувањето на температурите и топењето на мразот започнаа и проблеми со водоснабдувањето во делови од градот Охрид. Граѓани од повеќе населби јавуваат за дефекти и недостиг на вода, а за ова потврда дојде и од охридски Водовод. – “Ве известуваме дека со зголемување на температурите дојде до одмрзнување на водоводните инсталации, а со тоа и до бројни дефекти на …

Read More »

Хуманитарна забава за семејството Садик

гт

Охридскиот кафе бар „Mister I“ покренува акција за собирање помош за семејството Садик, чиј дом беше уништен во пожарот од пред неколку дена, Во  сабота со почеток во 14:00 од „Mister I“ најавуваат целодневна забава чија цел е да се соберат средства за помош на семејството Садик. За забавата ќе се погрижат локални музичари : The Backdoor Band, Ѓоко Танески, …

Read More »

Охрид под мраз

ohrid-1

Десеттина сантиметри снег, кој што наврна минатата недела и кој не се исчисти навреме, ги остави улиците низ Охрид како лизгалишта и потенцијална опаснот за граѓаните. Со ова уште еднаш се покажа дека службите, иако уште пред за заврне снегот одржаа состаноци на кои изјавуваа дека се подготвени, состојбата низ градот не го покажува тоа. Тие како причина за тоа …

Read More »

„Вевчански карневал“ 2017

Покрај карневалот и музичкиот дел, исто така ќе се одржуваат и други  културни настани. На 10-ти јануари со почеток во 17:00 часот во Клубот на пензионери во Вевчани, ќе се одржи трибина на тема: „Перспективите на руралниот туризам во република Македонија со осврт на општина Вевчани“. Предавач ќе биде проф. Д-р Никола Панов, член на Академијата на убави уметности Вевчани. …

Read More »

„Охрид во 10“ дневни фотографии

OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина. – Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која …

Read More »

Дрим он два дена во Струга

Dreaming of a white DrimON (Сон за Бел ДримОН),  е настанот  кој денес и утре ќе се случува во  Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на Здружението ИНКА. На настанот ќе се промовира новиот број на списанието „Лице в Лице“. Со купувањето на новото број граѓаните ќе ја охрабрат продавачката Јасмина  Блажеска од ПОРАКА НОВА Струга и …

Read More »

За нова година Струга доби нов мост

Реката Црн  Дрим во центарот на Струга  ја премостува нов дрвен мост. Струшкиот бизнисмен, Менди Ќура донираше околу 150 илјади евра за проектот кој го изработи проектантска куќа од Австрија, од каде беа увезени деловите кои беа потребни да се изгради новиот мост. Пешачкиот мост е монтиран на местото на поранешниот  мост, познат како „Мостот на Нина“, а беше одстранет …

Read More »

Нова година стари училишни проблеми

Пет струшки основни школи 2017 година ќе ја започнат со блокирана жиро сметка. Овој проблем години наназад се провлекува во ОУ „Јосип Броз Тито“, „Браќа Миладиновци“, Струга, „Зини Хани“ Велешта, „Ашим Агуши“ Радолишта и „Св. Климент Охридски“ Драслајца. Најголемиот дел од долговите се однесуваат на неплатени сметки за струја, нафта, комуналии и за превоз на учениците, Парите стигнуваат од министерството …

Read More »

УНЕСКО со рок до 1ви февруари 2017та за извештајот за статусот на конзервација на Охридскиот регион

УНЕСКО и даде рок на Македонија до 1ви февруари 2017та да го достави извештaјот за статусот на конзервација, за превземените чекори за спроведување на препораките и во случај на потврдување на утврдената или потенцијална опасност за природните и културните добра на Охридскиот регион. Охридскиот регион би можел да се најде на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО поради …

Read More »

Декада на активирање на археолошките ресурси на Република Македонија

Археолошки артефакти од Охрид и охридско ќе бидат поставени на изложбата „Декада на активирање на археолошките ресурси што се отвора денес во Скопје(28.12.2016) во Археолошкиот музеј на Македонија. Помеѓу големиот број на археолошки локалитети се истражуваа наоѓалиштата во Лихнид, Кулиште Св. Еразмо, Плаошник и Самуилова тврдина, како  предисториската населба кај Пештани на брегот на Охридското Езеро. Повеќе илјади артефакти  кои …

Read More »

Online петиција против изградбата на хотел во Лагадин

Досега жестоко реагираа еколозите, особено невладината Охрид SOS, која покрена и Online петиција. Досега ја потпишале околу 500 незадоволни граѓани, пред се, жители на населбата. – Ние знаеме дека петицијата нема правно дејство. Меѓутоа, имаме силна поддршка од жителите на населбата Лагадин, кои потврдија дека ќе поднесат поединечни тужби. Работата ќе ја тераме до крај, не поддржува и пошироката јавност, …

Read More »