коментар

Дали е неопходна декласификацијата на тајните докази во оваа фаза?

sud

По јавното конфронтирање на Основниот суд Скопје 1 и Специјалното јавно обвинителство околу декласификација на доказите во предметите кои завршија со обвинителни акти пред судот, се отвори дилемата зошто судот повикува на декласификација, а зошто СЈО тоа го смета за штетен процес? Се започна кога судијката Лидија Петровска го врати досието за седумтемина обвинети од УБК за уништување на докази …

Read More »

На прославата за независноста Иванов жестоко ја искритикува власта, заборавајќи дека е дел од неа

ivan1

Вчерашниот свечен говор на Иванов по повод 25 години од независноста на Република Македонија се темелеше на куп претпоставки, некои сосема погрешни, а некои не. Да се обидеме да ги експлицираме. На пример, инсистирањето на Иванов, „неопходно е Македонија да направи стратегиско свртување кон внатре“ содржи неоснована претпоставка дека Македонија во минатото била свртена кон надвор. Но, Македонија последниве 10 …

Read More »

На лагата ѝ се кратки нозете: особено со едноставно објаснување на сложена материја

fak

Куп податоци прикажани на јасен и едноставен начин се моќно оружје против манипулациите. Фото: Собрание на РМ и СПФМ Споредбеното и табеларно прикажување на промените со посочување на недоследностите во прераспределбата на средствата погледнато низ призмата на основното образложение за пристапување кон ребаланс, може да ѝ помогне на јавноста во разбирањето на ситуацијата Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт по човекови права …

Read More »

Човекот од Македонија во 21-иот век

lina

Колку треба човек да биде стиснат, неслободен и понижен за да може мирно и сталожено да зборува пред камерите за трагедијата на своето семејство, за телата на најблиските кои со денови не може да ги подигне и погребе? Колку долго требал да живее осиромашено, ускратено, обесправено, за да не покаже дека го боли, да не изрази ниту едно автентично, искрено …

Read More »

Илинден: И слобода и живот

ademi

Неколку дена ми требаа да ги средам впечатоците од прославата на 2 август во Крушево каде што бев дел од партиската делегација на СДСМ за чествување на 2 август- Денот на Републиката. Во Крушево пристигнав ден порано, на 1 август, попладнето. Прво што ми падна во очи низ градот беше огромното присуство на некакви си луѓе со црни маици на …

Read More »

Отворено писмо до Александар Чичаковски, претседател на ДИК

sasko

Со ова истакнувам БАРАЊЕ да спроведете внатрешна ИСТРАГА за тоа како моето име и моите лични податоци се нашле на Списокот објавен согласно чл. 196-б од Изборниот законик (ИЗ) под реден бр. 16737, и за истото да ме известите. Доколку на наредните предвремени избори не ми биде овозможено да гласам, со ова и формално ве известувам дека ќе ве гонам …

Read More »

Сензационалистичкиот медиумски лов на „педофили“ не придонесува за заштита на децата од сексуално насилство

journalism-ethics

Медиумите честопати знаат да направат голема штета во сензационалистичките известувања за случаи на „педофили“. Како никогаш да не го прочитале етичкиот императив „минимизирајте ја штетата“. Како никогаш да не прочитале дека нема место за сензационализми при информирањето за семејни трагедии, болести, судски постапки… Се разбира, треба да се известува за прекршување на правата на децата и за случаи на сексуални напади на деца. Но, …

Read More »

Модерен Аеродром…

fal1

Денеска во Аеродром се случи чудо! Воскреснаа членови на фалангата и ги поздравија коњаниците кои тргнаа накај славното Крушево. Доволна инспирација да пишам нов пост. Јас сум од оние луѓе што читаат политички програми и гласаат за нешто во кое веруваат. Се сеќавам дека пред некоја година, кога Ивица Коневски се кандидираше (по втор пат) за градоначалник на општина Аеродром, …

Read More »

ФРОДЕМ: Секој кој ја попречува правдата треба драконски да биде казнет!

frodem

Соопштение на Фродем за склучениот договор на четирите политички партии: „По склучениот договор на четирите политички партии учесници во процесот на преговори за излез од кризата, Фронтот за демократска Македонија – ФРОДЕМ очекува фер и демократски избори во текот на оваа 2016 година. Изборите се единствена разрешница на тешката политичка и опшетествена криза која длабоко навлезе во втората година. Токму поради …

Read More »

Ако можеле да бидат номинирани Мусолини, Хитлер и Сталин, зошто да не биде и Ердоган?

zarko

Читам, три здруженија од БИХ (од кои едното се вика „Преродба“!) планираат да го предложат Ердоган за Нобелова награда за мир! И тоа, додека во Турција се води вистинска војна против сите критичари на диктаторот која може да се спореди со Хитлеровите чистки по палењето на рајстагот. Колку за информација, и диктаторите Мусолини (1935), Хитлер (1939) и Сталин (1945, 1948) …

Read More »

Еден проблем, еден апсурд и еден предизвик

sasko

Како може со еден чамец да превезете волк, коза и главица зелка преку река? Стариот одговор го знаете, ама затоа ќе додадеме уште еден услов: со едно преминување на реката!!! Проблемот: Во повеќе ситуации и од повеќе различни агли ги слушам дискусиите за гласовите на дијаспората и, од време на време се чувствувам како да слушам различни доктори да зборат …

Read More »

ФРОДЕМ: Гробарите на нашата држава и нашата иднина – “После нас потоп”

frodem

Според ФРОДЕМ, намерата да се издаде еврообврзница од вртоглави 650 милиони евра е финансиско и економско злосторство врз граѓаните на Република Македонија: “Вождот и партиската вршушка во заминување доколку ја реализираат оваа вон умот и разумот криминална одлука дефинитивно стануваат гробари на нашата држава и нашата иднина.” Според ФРОДЕМ, владата со која раководи технички премиер за спроведување на изборите, а …

Read More »

Мерсел Биљали: Постојната власт создаде фамилијарна финансиска империја со мафијашки методи

merse

“Слободна Македонија” започна со циклус “Мислења за македонската политичка криза”.  На повеќемина интелектуалци, активисти и политичари им поставивме три исти прашања. Еве ги одговорите на професорот Мерсел Биљали: 1. Кои се главни причини(тели) за македонската политичка криза? Причинители на кризата се намерите на постојната власт да создаде фамилијарна финансиска империја со мафијашки методи. Се’ друго е само техника, вклучувајќи ја и …

Read More »

Нано Ружин: Македонија повеќе никогаш нема да биде онаа Македонија од времето на кланот Груевски

нан

“Слободна Македонија” започна со циклус “Мислења за македонската политичка криза”.  На повеќемина интелектуалци, активисти и политичари им поставивме три исти прашања. Еве ги одговорите на професорот Нано Ружин: 1. Кои се главни причини(тели) за македонската политичка криза? Причините за кризата во Република Македонија се повеќеслојни: Владејачката ДПМНЕ е веќе единаесетта година на власт, а кланот на Груевски се раководеше од криминогените …

Read More »

Дали изборите се единствено решение за надминување на политичката криза?

zar

ВМРО-ДПМНЕ му соопштило на Хајндл дека изборите се единствено решение за надминување на политичката криза. Откако ВМРО-ДПМНЕ победи на избори точно пред 10 години се одржаа уште 7 избори (три парламентарни, два за претседател, и два локални) и ниту едни не беа ни одблиску фер и регуларни како изборите во 2006. Напротив, првите парламентарни избори беа познати како “касапаана”, а …

Read More »