Пелагониски регион

Ендемски вид на образование – сопругот синдикалец, сопругата во Училишен одбор

  На последниот состанок на наставничкиот совет од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп, одделенскиот наставник Верица Думбалоска е избрана за член на Училишниот одбор при истото училиште. Ваквата вест воопшто и не би предизвикала никакво внимание, доколку не се знае дека сопругот на Думбалоска, Златко Думбалоски, освен што е наставник во истото училиште, истовремено е и прв човек на основната …

Read More »

Рудник „Стентон“

  Од причина што рудникот за ископ на гранит во месноста Билбил Камен не ја доби потребната „Б“ интегрирана дозвола за работа, Комисијата за животна средина при општинскиот Совет испрати допис до одделението за животна средина при Општина Битола, со кое бара да се преиспита дозволата за работа на каменоломот и да не се издава неопходната еколошка дозвола. Дополнително, членовите …

Read More »

„Ништо без Трифолио“, нова премиера на прилепскиот театар

  Во чест на Светскиот ден на театарот, 27.март, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во понеделник премиерно ќе ја изведе претставата „Ништо без Трифолио“ на авторот Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски. Ова свое дело авторот Богдановски го нарекува „комедија во грчко-римски стил напишана по средбата со веселиот дух на римскиот комедиограф Публиј Теренциј Африканец, кој ослободен од телото …

Read More »

Кој ќе го организира фестивалот „Браќа Манаки“?

Аплицирањето на здружението „Центар за филм“ од Битола на објавениот Конкурс за финансирање проекти за организирање домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер кој го распиша Агенцијата за филм, ги разгоре страстите кај филмските работници. Прв пат од постоењето на Интернационалниот фестивал на филмската камера (ИФФК) „Браќа Манаки“, постои можност организацијата на престижната културна манифестација да му биде …

Read More »

Пари за обнова на битолскиот Офицерски дом има, дали има волја?

Не постојат зборови кои можат да опишат колку тажно изгледа денес Офицерскиот дом во Битола, еден од симболите на градот на конзулите. Фотографиите направени деновиве само делумно ја доловуваат страшната глетка на некогаш репрезентативниот објект, изграден во далечната 1911 година од страна на управникот на битолскиот вилает, Абдул Керим Паша.   Префрлањето на сопственоста, а со самото тоа и на …

Read More »

Пропадна обидот за организирање протести во средните училишта во Битола

Ученици од неколку битолски средни училишта денес се обидоа да организираат масовни протести чија цел би била изразување несогласување со како што велат воведување на двојазичност во државата. Шемата за поттикнување на незадоволство кај средношколците од Битола и нивно напуштање на наставата и излегување на протести, беше иста како и онаа која минатата недела ја гледавме во Прилеп: група од …

Read More »

Нови 19 вработувања во ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп

Најголемите работодавачи во Општина Прилеп, јавните претпријатија, продолжуваат со вработувањата. Овој пат тоа го прави ЈКП „Водовод и канализација“. На првично планираните 3, се надоврзаа уште 16 други, така што вкупно 19 лица ќе станат сопственици на Решенија за вработување на неопределено време. Освен невообичаено големиот број на вработувања, симптоматично е и тоа што огласот беше распишан во пресрет на …

Read More »

Прилепчани ги искршија колите по новиот „булевар“

17264926_270283693422804_1865841379055490830_n

Наместо ветениот булевар со 4 ленти, улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп во моментов е „тесно грло“ за безбедно одвивање на сообраќајот. Особено ако се знае дека таа се наоѓа во централното градско подрачје и дека со самото тоа е една од најфреквентните по која, освен автомобили, се движат и товарни возила, како и автобусите на градскиот и меѓуградскиот сообраќај. Според …

Read More »

Поднесени две кривични пријави против директорот на прилепската Гимназија Киро Николоски

Директорот на прилепската Гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски, денес „заработи“ две кривични пријави. Со првата пријава која ја поднесе Општинската организација на СДСМ-Прилеп, Николоски се сомничи дека ги сторил кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Присилба“ и „Малтретирање во вршење на службата“. Според подносителот на пријавата, во деновите 13, 14, 15 и 16 март 2017 година, злоупотребувајќи ја …

Read More »

Никој не ни рече дека ќе учиме албански, ама може тоа да се случи, затоа протестираме!

„Епицентарот“ на протестите на прилепските средношколци од Гимназијата „Мирче Ацев“ денес се префрли во медицинското училиште СОУ „Ѓорче Петров“. За разлика од вчера, бројот на ученици кои денес им се приклучи на групата од 30-40 ученици од различни училишта кои се јавуваат како организатори и иницијатори на протестите, денес беше многу помал. Станува збор за, генерално, истата група која вчера …

Read More »

Онлајн дискусија: секој втор млад човек иднината ја гледа надвор од државата

„Можеби би се вратила во Македонија, но кога би имала деца не би се вратила заради политичката ситуација. Како Албанка, уште помалку би сакала да се вратам заради протестите контра малцинствата“, изјави на вчерашната онлајн дискусија која за тема го имаше проблемот со младинското иселување, универзитетскиот асистент на Центарот за студии на Југоисточна Европа (CSEES) Лура Положани.   На истата …

Read More »

Директорот на прилепската гимназија денес ги ослободил од настава учениците за одат на протести

ty

Директорот на прилепската Гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски, денес ги ослободил од настава учениците од претпладневната настава за одат на протести. Откако организирана група на ученици од други училшта со знамиња и со скандирање „Еден јазик сакаме“ влегле во Гимназијата за време на наставата, во училиштето настанал хаос. Директорот Николоски влегол во неколку училници и им дозволил на учениците да …

Read More »

Битолската Клиничка болница ја отфрла вината за смртта на родилката

bitola

Надлежните од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола отфрлаат секаква вина за смртта на 31 годишната родилка која пред 2 дена почина од сепса на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје. Според нив, во битолската Клиничка болница биле преземени сите потребни мерки од страна на здравствениот кадар во врска со пациентката. „При давањето здравствени услуги …

Read More »

Ако сака филм за Битола, Талески да го плати од сопствениот џеб

taleski

Предлогот на советникот на ЛДП Валентин Груевски за поништување на огласот за снимање документарен филм за развојот на Битола од 2005 до 2017 година, кој градоначалникот Владимир Талески има намера да го сними, беше вовед во вчерашната хаотична седница на Советот на Општина Битола. Груевски рече дека снимањето филм не е тоа што во моментов ѝ треба на Битола, но …

Read More »

Концептот на одговорно водење бизнис го поттикнува развојот на компаниите

biznis

Бизнис Конфедерацијата на Македонија во прилепскиот хотел „Кристал Палас“ одржа деловна средба со претприемачите на компаниите од прилепскиот регион. Целта на средбата беше унапредување на бизнис климата и создавање подобри услови за работа на локалните компании. На средбата со претприемачите и менаџерите на малите и средни компании се разговараше и за тековните проблеми и за предизвиците со кои се соочуваат …

Read More »