Пелагониски регион

КИНОТО „МАНАКИ“ УШТЕ ДОЛГО ЌЕ ЈА ЧЕКА ПРВАТА ПРОЕКЦИЈА

manaki3

Со полагање цвеќе на гробовите на доајените на филмската уметност на Балканот, Комуната на Власи во Македонија „Браќа Манаки“ од Битола вчера ја одбележа 53 годишнината од смртта на Милтон и 63 од смртта на Јанаки Манаки. Најголемиот дел од нивното творештво кој заедно со фотографиите и филмовите изнесува околу 17.000 единици, се чуваат во битолското Подрачно одделение на Државниот …

Read More »

Зградите на прилепскиот булевар испишани со заканувачки пораки

пп2

Колку некој и да сака да повлече паралела помеѓу „Шарената револуција“ и актуелните протести организирани од иницијативата „За заедничка Македонија“, разликите меѓу нив се и премногу очигледни. Не само според нивната идеолошка матрица, ако за последните протести воопшто и може да се зборува за идеологија, според начинот на организација и структурата на учесниците, туку пред сѐ според реториката на говорниците …

Read More »

Битолски професори до учениците: Вие само бојкотирајте, ние ќе ве дружиме

bt1

Како одминува времето и како кризата добива пошироки размери, инволвирањето и злоупотребата на средношколците во актуелните политички настани станува сѐ поголемо. Обидот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ да се огради од влијанието врз учениците за нивно вклучување во протестите, станува провиден. Во кој правец ќе се движат работите стана јасно откако на објект кој се наоѓа во кругот на прилепската Гимназија беше …

Read More »

Штрајк на вработените во прилепски „11 Октомври Еурокомпозит“

eu

Околу 290 вработени во единствениот државен загубар „11.Октомври Еурокомпозит“ – Прилеп денес стапија во штрајк. Причина за тоа се неисплатените 5 последни плати, К-15, како и заостанати плати од изминатите години. На вработените 5 години не им се платени придонеси за пензиски стаж, а од вчера повеќе немаат ниту здравствено осигурување. Вработените во единствената фирма во државава која се занимава …

Read More »

Јавни тоалети во Прилеп – проект на Владата на РМ

jt1

Изградба и адаптација на јавни тоалети во 24 општини во Македонија – проект на Владата на Никола Груевски! Не се работи за никаква шега, туку за вистински проект чија реализација заврши пред 6 години. Дека екс премиерот бил крајно сериозен кога го планирал проектот, сведочи тоа што истиот најде место и во отчетот на Владата во не така далечната 2011 …

Read More »

16 издание на прилепскиот карневал „Прочка“

pp1

Со одржувањето на меѓународното дефиле, денес во Прилеп заврши манифестацијата „Прочка 2017“. Покрај учесници од повеќе градови од Македонија, на прилепскиот карневал кој годинава се одржа по 16. пат со поединечни и групни маски учествуваа и гости од Италија, Бугарија и Србија. Дефилето започна од Центарот за култура „Марко Цепенков“, за да преку булеварот „Гоце Делчев“ учесниците стигнат до плоштадот …

Read More »

Кој смее да ги шара ѕидовите на државните институции?

p2

На фасадата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп нацртан е мурал. Доколку постапката за цртање уметничка слика на ѕидот на Центарот за култура беше поинаква, ова и не би било некоја вест. Меѓутоа, постојат две причини заради кои муралот го привлече нашето внимание: првата, затоа што е спорна законитоста на исцртувањето на муралот и, второ, што негов автор …

Read More »

Нереновираните соблекувални го иселија ФК „Пелистер“ надвор од Битола

бт1

Фудбалот во Пелагонија го достигна дното. Љубителите на фудбалот во Прилеп и Битола чии фудбалски клубови „Победа“ и „Пелистер“ ја испишуваа историјата на македонскиот фудбал, не можат да ги следат натпреварите на своите омилени клубови. Или поточно, за да го направат тоа ќе треба да патуваат во околните градови. Заради реновирање на стадионот „Гоце Делчев“, во пролетниот дел од фудбалската …

Read More »

Дворовите на битолските училишта претворени во паркинзи

Битола е еден од градовите со најлошо организирана паркинг служба и уреден паркинг простор. Не треба тоа да ви го кажат битолчани, доволно ќе биде со автомобил да поминете низ центарот на градот и да пробате да најдете место за паркирање. Ако се обидете тоа да го направите малку подалеку од строгиот центар, на пример на паркингот пред спортската сала …

Read More »

Крушевскиот „Младински сојуз“ дел од меѓународниот проект „Нурни во социјалното претприемништво“

di

Со семинар во гратчето Иаши, Романија, денес започнуваат мобилните активности од проектот „Нурни во социјалното претприемништво“. Покрај семинарот, дел од проектот ќе бидат и двата тренинг курсеви кои ќе се одржат во Лерин, Грција и Истанбул, Турција. Во рамките на проектот ќе бидат остварени студиски патувања во Софија, Бугарија, како и посети на други земји каде претставници на европските организации …

Read More »

Прилеп: Кој манипулира а кој ја зборува вистината во препукувањето на релација опозиција-власт?

вс

Потрошените 200 милиони евра народни пари, неостварените ветувања за гасификација, нови училишта, градинки, булевари и фабрики, како и отсуството на реализација на ниту еден суштински проект за Општина Прилеп за време на раководењето со градот на градоначалникот Ристески, беше причината за денешната реакција на прилепските социјалдемократи. „Со завршувањето на третиот мандат на градоначалникот Марјан Ристески, завршуваат политиките на криминал, корупција …

Read More »

Пресудата на битолска Апелација, позитивен пример за примена на Европската конвенција за заштита на човековите права

bt1

Апелациониот суд Битола донесе пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање на А.Ј. и Е.Ќ. поднесено против ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“- Битола за надомест на штета за повреда на лични права. На име повреда на нивните лични права, тужениот беше задолжен на тужителот да му исплати паричен износ од 30.000,00 денари со законска казнена камата. Станува збор …

Read More »

Отчет на прилепскиот градоначалник Ристески – реални проекти или список на желби?

mr

Пред крајот на третиот мандат, идентично како и останатите негови колеги од општините во кои власта е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, прилепскиот градоначалник Марјан Ристески се огласи со отчет за сработеното во изминатата 2016 година. Она што паѓа во очи е дека во најголемиот дел од таканаречениот „отчет“ се набројуваат проекти кои или се во почетна фаза на реализација, или …

Read More »

Првиот соработник на Талески ќе го забрза неговото заминување од градоначалничката фотелја

tal

Една од општините за која со сигурност може да се каже дека од мај ќе има нов градоначалник е Општина Битола. Без разлика дали идниот градски татко ќе го даде ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, јасно е дека актуелниот градоначалник Владимир Талески ги брои последните денови од својот трет мандат. Освен заради неговите лични „заслуги“ поради кои СЈО води постапка, за неговото …

Read More »

Затворените дуќани на Широк Сокак сведочат за егзодусот на битолчани

bbb1

Иако одговорот се насетува, прашањето дали Битола го загуби епитетот на „најградски град“ во Македонија заслужува поширока дебата. Не само што во Битола одамна ги нема клавирите, туку од ден на ден сѐ помалку ги има и битолчани. Иако не постојат официјални податоци за бројот на жители, и со голо око е видливо дека градот под Пелистер се празни. Дека …

Read More »