Пелагониски регион

Имињата на 24 прилепчани на „Патеката на славните“

Составен дел на „Арт плоштадот“ кој се наоѓа пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, е и „Патеката на славните“. На патеката која се простира по целата должина на плоштадот, поставени се плочи со имињата на истакнати дејци од Прилеп од областа на културата и уметноста. Со својот ангажман и делата кои ги оставиле зад себе, своето место на …

Read More »

Битолските Роми го блокираа патот Битола-Ресен

Жителите на битолската ромска населба Баир во два наврата го блокираа регионалниот пат Битола-Ресен. Незадоволни од тоа што во овие студени зимски денови останале без струја, тие го блокираа патот поставувајќи камења и автомобилски гуми, а на патот запалија и оган. „Нема друг начин, мора вака да и кажеме на власта оти живееме во нечовечки услови. Во лето немаме вода, …

Read More »

Отказно решение за директорот на прилепската пошта Златко Димоски

Заради неоправдано изостанување од работа 3 последователни денови, односно 5 во текот на годината, Златко Димоски, директор на подружницата на АД „Македонска пошта“ во Прилеп, доби Решение за откажување на договорот за вработување. Договорот за вработување му се откажува без отказен рок, затоа што во деновите 28, 29 и 30 октомври, како и 01, 02 и 05 декември 2016 година …

Read More »

Битола се гуши, Битола умира, битолчани ќе го блокираат патот кон РЕК „Битола“

Почнувајќи од четврток, први декември, па во наредните три дена, граѓаните на Битола ќе го блокираат патот кон РЕК „Битола“. Граѓанските протести се организираат под мотото „Битола се гуши, Битола умира“!!! Иницијативата потекнува од здружението на граѓани „За нас се работи“, од каде како единствен мотив за најавениот протест го потенцираат алармантното загадување на воздухот во Битола. Освен блокадата на …

Read More »

Битолчани во континуитет дишат загаден воздух , локалната и централната власт без конкретни мерки

Континуирано, речиси цел месец наназад, битолчани дишат загаден воздух. Податоците кои ги даваат двете мерни станици покажуваат дека концентрациите на најкритичната загадувачка супстанција во Битола и поширокиот регион, таканаречените ПМ10 честички, се далеку над дозволеното ниво. За разлика од максимално дозволените 50 микрограми на м³, во одредени денови од тековниот месец биле измерени вредности од 550 микрограми на м³, што …

Read More »

Талески нема кредибилитет да дели награди, му порача опозицијата

bi1

Тензии, бојкот, герила акции… Така помина годинешното одбележување на 4.Ноември, Денот на ослободувањето на Битола. Најголемите недоразбирања меѓу советниците од власта и опозицијата настанаа околу легитимитетот и кредибилитетот на градоначалникот Владимир Талески да им ги додели наградите на годинешните лауреати на највисоките општински признанија. „Градоначалникот Талески е осомничен за кривично дело заради кое 3 месеци помина во домашен притвор. Во …

Read More »

Дупка длабока два метра ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот

dupka2

Повеќе од два месеца во строгиот центар на Прилеп, на булеварот „Гоце Делчев“, ископана е дупка која и покрај поставената заштитна ограда, претставува опасност по безбедноста на пешаците и на другите учесници во сообраќајот. Можноста да се случат сообраќајни незгоди е уште поголема ако се знае дека дупката е ископана на крајот на самиот пешачки премин, што практично истиот го …

Read More »

„Елитната“ прилепска населба „Градина“ остана празна ливада

gradina1

Ова што го гледате на фотографиите е „елитната“ населба „Градина“, 4 и пол години подоцна откако градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески ја најави нејзината изградба. Според најавата, на површина од 41,4 хектари беа планирани 424 градежни парцели, од кои 369 со површина од 250 м2 до 1.000 м2 за индивидуално, а 24 за колективно домување со максимална висина на …

Read More »

Габриела Илиевска: Општина Битола најдобро функционира кога Талески не е тука

%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%82

На последната седница на Советот на Општина Битола, не помина предлогот на Габриела Илиевска од ВМРО-Народна партија, советниците да донесат одлука за дополнителни 12 локации на кои, во пресрет на декемвриските избори, ќе бидат поставени плакати со ликот на битолскиот градоначалник Владимир Талески. Според идејата на Илиевска, 12-те плакати требаше да ги симболизираат 12-те години владеење на Талески. Покрај логото …

Read More »

ПШС „Липа“ Крушево: Не сечеме дрва на „Мечкин Камен“

krus

Фотографиите кои на социјалната мрежа Фејсбук ги поставија жители на Крушево, а на кои е прикажана масовна сеча на дрва на „Мечкин Камен“, предизвикаа многу реакции меѓу пошироката јавност. Крушевчани се плашат дека продолжува трендот на неконтролирана и бесправна сеча на дрва, која последниве години поприма алармантни размери. Тие се вознемирени од можноста такво нешто да се случи и на …

Read More »

100 тони неупотреблив индиски тутун лежи во магацините на прилепскиот Тутунски Комбинат, кој и зошто го набавил?

tutunski

Молк од менаџерскиот тим на Тутунски Комбинат АД Прилеп после обелоденувањето на информацијата дека Одборот на директори ја разгледува можноста за воведување нов, втор по ред социјален пакет со кој најдоцна до 31.01.2017 година, 200 вработени од Комбинатот како технолошки вишок би заминале под Агенцијата за вработување. Во насока на расчистување на дилемите околу одредени шпекулации кои се појавија во …

Read More »

2.040 битолчани се лечат од канцер

kamenolom

Со години наназад Битола е еден од најзагадените градови не само во нашата држава, туку и многу пошироко. Загаденоста на воздухот во градот под Пелистер достигнува загрижувачки димензии, кои стануваат алармантни со почетокот на грејната сезона. Како последица на тоа, официјалните податоци велат дека во тековната 2016 година 2.040 жители на Општина Битола се лечат од канцерогени заболувања. Ваквите бројки …

Read More »

Избори се ближат, општините масовно вработуваат

vrabotuvanje

Во пресрет на предвремените парламентарни избори, огласите за нови вработувања во државната и јавната администрација добиваат на интензитет. Меѓу институциите чии огласи за вработување можат да се сретнат во провладините медиуми и на веб страната на Агенцијата за администрација, многу често како нарачатели се јавуваат и локалните самоуправи на Општина Битола и Општина Прилеп. Силен одек во јавноста имаше огласот …

Read More »

Девет години без Тоше

1

На денешен ден пред 9 години, Македонија ја загуби една од своите најсјајни ѕвезди. Во тешка сообраќајна несреќа во близина на Нова Градишка, Хрватска, загина Тоше Проески. Денес, на деветтата годишнина од неговата смрт, стотина приврзаници и почитувачи на неговото дело го посетија вечниот дом на Тоше на Гумење, во Крушево. Освен нив, тука беа и младите спортисти кои секоја …

Read More »

200 вработени од Тутунски Комбинат ќе бидат прогласени за технолошки вишок?

tutunski

Менаџерскиот тим на Тутунски Комбинат АД Прилеп ја разгледува можноста за воведување нов, втор по ред социјален пакет со кој до крајот на годината, а најдоцна до 31.01.2017 година, 200 вработени како технолошки вишок би заминале под Агенцијата за вработување. Ваквата информација наиде на негативни реакции во прилепската јавност, бидејќи после потпишувањето на договорот за стратешко партнерство со „Филип Морис“, …

Read More »