Пелагониски регион

Директорката на прилепскиот Центар за социјална работа зафатена од „функционерскиот вирус“

prilep

Непознатиот „вирус“ кој одненадеж ги нападна директорите и раководителите во двете министерства чии први луѓе согласно договорот од Пржино ги предлага СДСМ, Министерството за внатрешни работи и за труд и социјална политика, не ја одбегна ниту директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, Снежана Јованоска. Според информациите кои ги добивме оттаму, Јованоска на боледување се наоѓа петнаесетина денови …

Read More »

Словачка донираше амбулантно возило за битолскиот Здравствен дом

vozilo

Возниот парк на службата на Итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Битола е збогатен со ново амбулантно возило, донација на Република Словачка. Станува збор за возило марка „Мерцедес бенц“ кое на директорот на битолскиот Здравствен дом д-р Благој Радевски му го предаде амбасадорот на Република Словачка во Македонија, Мартин Безак. „Многу ми е драго што продолжуваме со проектот за …

Read More »

Македонско здравство: концесиите доделени, амбулантите во Витолиште и Норово и натаму празни

zd

И покрај тоа што министерот за здравство Никола Тодоров ветуваше дека големо внимание ќе ѝ биде посветено на здравствената заштита на населението од руралните средини, се чини дека најавите ни оддалеку не се остварија. Населеното место Витолиште беше седиште на некогашната Општина Витолиште, која според територијата која ја зафаќа беше меѓу поголемите во државата, а меѓу најмалите според бројот на …

Read More »

Битолското образование во пат-позиција

b

Училиштата во Општина Битола никако да излезат од калта во која заглавија неколку години: се намалува бројот на ученици, бесплатниот школски превоз никако да застане на здрави нозе, училиштата функционираат со блокирани сметки. Така барем тврди битолската опозиција која својот став го поткрепува со аргументи. После истрагата која СЈО ја води под името „Транспортер“ а во која еден од осомничените …

Read More »

Поднесени 4 барања за поведување прекршочни постапки против активист на “Шарената револуција”

zarko

Министерството за внатрешни работи, односно Полициската станица од општа надлежност Прилеп, до прилепскиот Основен суд поднесе 4 барања за поведување прекршочни постапки против граѓанскиот активист, адвокатот Жарко Стеваноски. Стеваноски се товари дека за време на протестите на „Шарената револуција“ во Прилеп, на коловозот пред општинската зграда го испишувал графитот „ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“. На тој начин Стеваноски ги заслепувал учесниците во …

Read More »

Битолската опозиција бара Општината да го раскине договорот за зонско паркирање со приватниот партнер

bitola1

55-тата седница на Советот на Општина Битола, која ќе се одржи на 30.09.2016 година, го предизвика вниманието на пошироката битолска јавност. Од обемниот дневен ред на кој ќе се најдат 43 точки, посебно внимание предизвикува точката под реден број 39. Станува збор за иницијативата за раскинување на договорот за Јавно приватно партнерство (ЈПП) склучен помеѓу Општина Битола и „Стентон градба“ …

Read More »

Сообраќајната (не)култура на пелагониските градоначалници

vozilo2

Стана традиција, секогаш кога градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски оди на кафе во Битола, службеното возило да го паркира во непосредна близина на кафетеријата, дури и по цена таа да се наоѓа на „Широк Сокак“ каде е забрането возењето автомобили. Ова го рекоа неколкумина битолчани кои реагираа на неговиот последен таков непримерен испад кој се случи во текот на …

Read More »

Мини зоолошка градина среде симболот на антифашистичката борба

zoo1

Импровизираната зоолошка градина во Паркот на револуцијата во Прилеп наречена „Рајска градина“ е сѐ само не е рајска, од причина што условите во кои се чуваат животните се далеку од потребните стандарди. Тоа го констатираа и од здружението за заштита на животни „Анималиа“ кои пред извесно време реагираа на состојбата во таканаречената „Рајска градина“. Ниту граѓаните кои живеат во околните …

Read More »

Прилепските дуќани полни со роба, муштерии ни за лек

prilep2

Познатата Стара прилепска чаршија ги доживува своите најтешки денови. Дуќаните полни со роба, муштерии ни за лек. „Нема работа. Еве гледате и самите, денеска е сабота, пазарен ден, жив човек не влегува во дуќанов. 15 години работам трговија, ама вака не било. Секоја година е сѐ полошо и полошо. Летоска малку кренавме глава, кога беа дојдени на одмор иселениците и …

Read More »

Општина Битола ќе вработува државни службеници според националната припадност

bitola

Огласот за вработување на 19 државни службеници кој Општина Битола, наиде на силни реакции во градот под Пелистер. Не само затоа што значително ќе се зголеми и онака бројната административна „војска“ во битолската локална самоуправа, туку и заради селективниот пристап при изборот на потенцијалните кандидати Имено, покрај општите услови, со огласот се бараат и посебни услови кои се однесуваат на …

Read More »

Ќе има ли нова распределба на социјалните станови во Прилеп?

stanoviprilep

Изјавата на министерката Фросина Ременски дека Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ќе направи ревизија на постапката за распределба на социјалните станови во Прилеп, ја врати надежта кај лицата кои не се најдоа на конечната листа на добитници на станови. Распределбата на становите во градот под Марковите Кули прерасна во скандал по две основи: прво, затоа што наместо изградените …

Read More »