Североисточен регион

Кумановските стечајци се единствени во државата со бенефиции од локалната самоуправа

lg

Општина Куманово е единствена во државата која што им пружа субвенции на стечајните работници. Со овој вид на субвенции локална самоуправа на стечајците им ги покрива сметките за потрошената вода и ѓубрарина. Исто така бесплатно го користат градскиот превоз. Повеќе од 960 стечајци ги користат овие услуги на општината, а исто така покривање на трошоците на сметките од страна на …

Read More »

Државата без слух за целосно оштетената Спомен Костурница во Куманово

ku6

Спомен Костурницата во Куманово важи за едно од ретките архитектонски дела во Македонија и регионот, проектирана од архитектот Толи Зордумис и изградена во 1957 година. Подигната е во чест на загинатите партизански борци во Народноослободителната војна. Се состои од обелиск и костурници во кои се сместени посмртните коски на околу 500 партизански борци и пет народни херои. До пред неколку …

Read More »

Липковското езеро има вода за целиот регион, но не и за Липково

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Липковското акумулационо езеро кое што се наоѓа на само 2 километри од селото Липково со години го снабдува со вода Куманово и кумановските села. Истото ова езеро не успева да излезе во пресрет на самите жители на селото Липково и да ги снабдува со вода. Жителите на селото со години се жалат дека имаат недостиг од вода од браната која …

Read More »

Куманово останува град без хотел

ku

Куманово како втор најголем град во државата се уште останува без хотел во самиот град. Сместувачките капацитети на угостителските објекти се сведуваат на помали мотели и приватни апартмани. Варираат и хотел Хармонија и хотел Сателит, но тие се вон градот, односно во селото Долно Којнари и во приградската населба Рајкова Куќа. Во самиот град сместувачките капацитети се премногу мали во …

Read More »

Кумановски Акцијаши започнаа хуманитарна акција

akcijasi

Здружението на граѓани Кумановски Акцијаши започнаа хуманитарна акција на локално ниво насловена “Биди хуман и подари”. Со оваа акција тие имаат за цел да собираат донации и да им помогнат на социјално ранливите категории во општеството, кои што се оставени на работ од својата егзистенција. Тие информациите за ваквите категории на семејства ги добиваат од Центарот за социјални работи во …

Read More »

„Среќна баба Марта“ се одржа во Крива Паланка

sm

Манифестацијата “Среќна баба Марта” со која се најавува доаѓањето на месецот март со низа активности посветени на оваа традиција, под покровителство на Музеј на град Крива Паланка во соработка со Хаемус, центар за научни истражувања и промоција на културата, се одржа во Крива Паланка. Манифестацијата започна пред платото на Градски Музеј Крива Паланка со меѓународна изложба на мартинки, кои што …

Read More »

Лицата со посебни потреби ќе работат на самозастапување и самоодредување

pn

Во кумановскиот центар за лица со пречки во интелектуалниот развој “Порака наша” почна да се спроведува проектот “Заедно” кој што се работи во соработка со здруженија од ист карактер од Скопје и од Загреб, а финански поддржан од Европската Унија. Проектот ќе се фокусира на самозастапувавање и замоодредување на овие лица, за да лицата самите се фокусираат на нивните права …

Read More »

Градоначалникот ја остави Крива Паланка без ветениот затворен базен

kp

Спортската сала која што градоналачникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски им ја вети на своите граѓани уште пред осум години, а подоцна го промени планот и наместо недовршената спортска сала на граѓаните им вети затворен базен, се уште не постои. Наместо рекреативниот центар за млади со кој што градоначалникот Алексовски тврдеше дека целиот град ќе се гордее со тоа, на …

Read More »

Лицата со попреченост без елементарни гласачки права

kk2

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество “Инклузива” спроведуваше истражување во врска со изборите и правото на глас поврзано со лицата со попреченост, од кое што истражување донесоа заклучок дека овие лица ги немаат ни основните гласачки права. Истражувањето го спроведуваа во североисточниот регион, па од таму заклучиле дека 63 проценти од гласачките места во овој дел на државата …

Read More »

Студентите од Архитектонскиот Факултет со идеи за европско урбанизирано Куманово

Во соработката која што произлезе помеѓу Архитектонскиот Факултет при УКИМ со Општина Куманово, студентите по архитектура имаа можност да го набљудуваат Куманово од урбанистичка гледна точка како и да спремат презентации каде што ќе ги претстават своите визии, идеи и стратегии за урбанизирањето на Куманово во периодот 2017 – 2027. Студентите своите идеи изработени во 37 проекти ги претставија јавно …

Read More »

Куманово со Општинско Координативно тело за заштита од дискриминација на маргинализираните заедници

ku33

Општина Куманово во соработка со Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување работат на унапредување на заштита од дискриминација на локално ниво за маргинализираните заедници со фокус на родовата и сексуалната дискриминација. Со таа цел се одржа и панел дискусија наречена “Тркалезна маса”, каде што за оваа проблематика зборуваа – …

Read More »

Вработените во Домот на култура во Кратово против градоначалникот и новиот директор

kr11

  Вработените во Домот на култура “Лазар Софијанов” во Кратово сметаат дека назначувањето на новиот директор во нивната институција е незаконско, со што го обвинуваат градоначалникот на Општина Кратово – Мите Андоновски дека го злоупотребил своето овластување со назначување на директор кој што не ги исполнува условите според Статутот на Домот на културата. Освен градоначалникот, тие го обвинуваат и новиот …

Read More »

Гласот на младите во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

gm

По дванаесет месеци траење заврши проектот “Гласот на младите” кој што го спроведуваше ЦИД – центар за меѓуетнички дијалог во три североисточни општини – Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Тие одржаа завршна конференција во Занаетскиот дом во Куманово, каде што го презентираа сработеното и исполнувањето на нивните цели. Нивните главни точки кои што ги работеле овие дванаесет месеци биле – …

Read More »

Куманово со план за надминување на загаденоста во воздухот

ку

Општина Куманово пред извесно време оформи работна група која ќе работи на стратегија за надминување на проблемите со загадениот воздух на локално ниво. Работната група се состои од претставници на Секторот за урбанизам, Секторот за инспекциски надзор,  Центарот за јавно здравје, “Чистота и Зеленило” и невладини претставници кои се бават со еколошките прашања. Тие спровеле истражување и од тоа до …

Read More »

Осудените лица во затворот во Куманово завршија стручна обука

kuz

Дваесет и осум лица од КПУ Затвор Куманово успешно ја завршија стручната обука која што траеше со месеци, поддржани од УНДП, МОН и Управата за извршување санкции. Овие обуки имаа за цел да осудените лица во кумановскиот затвор да ги пренасочат кон некоја професија, со која што би можеле понатамошно да придонесат во општеството. Нивните обуки ги одржуваа стручни лица, …

Read More »