Североисточен регион

Затворена народната кујна во Куманово

нк

Привремено затворена народната кујна во Куманово поради истекување на договорот со фирмата која што ја подготвува храната за корисниците. Народната кујна во Куманово има околу 230 сиромашни граѓани од Куманово и Старо Нагоричане кои се корисници на кујнава. Храната за најранливите категории на граѓани во Куманово се приготвуваше во кујната на Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ”. Храната се дели на три …

Read More »

Спомен куќата на Карпош оставена на заборав од Министерството за култура

ku41

Спомен куќата на народниот херој од Народноослободителната војна Христијан Тодоровски – Карпош во центарот на Куманово е оставена и осудена на заборав од страна на Министерството за култура. Со ова културно богатство на градот отсекогаш управувало Министерството за култура, а од минатата година посебна надлежност за тоа од ресорното министерство има НУ Музеј Куманово. Општината и локалната самоуправа фактички никогаш …

Read More »

Стратегија за инклузија на жените и ранливите категории во Куманово

ku1

Здружението на жени “Сирма” од Куманово организираше конференција во која го претставија нивниот проект “Македонска активна платформа за социјална инклузија”, кој што е поддржан од ЕУ преку Македонското женско лоби, а на локално ниво во Куманово претставен од кумановското здружение “Сирма”. Преку овој проект тие сакаат да создадат 18 локални стратегии за подобрување на статусот на ранливите категории во општеството, …

Read More »

Pегулирање на речното корито на реката Липковка

ku2

Децениски проблем за Куманово и неговите граѓани претставува излевањето на реката Липковка, која што со години наназад ги поплавува неколкуте кумановски населби кои се наоѓаат во нејзина близина. Реката Липковка доаѓа од липковските села и се излева во реката Кумановка, но пред да стигне до реката Кумановка, таа поминува низ неколку кумановски населби како што се – населба “Бачве”, кај …

Read More »

Граѓанското општество бара учество во спроведување на регионалните политики

IMG_20170216_121043-500x352

На 16 февруари во Куманово се одржа работилница на тема „Ефикасност на политиката за рамномерен регионален развој“ во рамки на активностите на проектот Алијанса за регионален развој, кој е инициран од организациите Форум ЦСИД од Скопје и Младински иницијативи за дијалог и соработка од Битола, а подржан со финансиска помош од програмата на ЕУ од Европскиот инструмент за демократија и …

Read More »

Реконструиран “Занаетчискиот Дом” во Куманово

ku32

Занаетчискиот дом на плоштадот “Нова Југославија” во Куманово се реконструираше и неговата внатрешност е пуштена во употреба за граѓаните. Оваа осумдецениска градба на архитектот Владимир Антонов, низ која Куманово е визуелно препознатлив град во регионот, со години наназад беше нефункционална и во очајна состојба. По преземањето надлежност врз објектот од страна на локалната власт, оваа стара градба конечно се модернизираше …

Read More »

ЈП Комуналец Крива Паланка неодговорна кон граѓаните

fg

Лошите зимски услови кои што ја зафатија земјава и регионов покажаа дека ЈП Комуналец на Крива Паланка потклекна и не се стави себеси во должност на граѓаните. Неколку населби и улици долго време останаа неисчистени од снегот во самото градско подрачје, додека пак некои приградски населби беа целосно завеани и непроодни. Во неколку села во кривопаланечко беше најстрашното, бидејќи беа …

Read More »

Мизерни услови во Кумановскиот театар

ku

Рунирана фасада, прокиснат кров, влага и без греење се карактеристики кои што ги означуваат штиците што живот значат во Куманово.  Никакви елементарни услови за вршење на работата на вработените во Кумановскиот театар. Минатата година поради лошите временски услови, една претстава била одиграна на свеќи. Актерите постојано и со години наназад се жалеа дека немаат основни услови да си ја завршат …

Read More »

Црвен крст со помош за бездомниците и социјално ранливите семејства во Куманово

цхх

Во тешките зимски услови кои ја опфатија земјава и регионов, Црвен крст во Куманово го става фокусот за помагање на социјално загрозените семејства и на бездомниците, кои тешко ги надминуваат зимските услови оваа година. Поделена е помош на повеќе од 30 семејства во Куманово, но и во околните села кои се отсечени и неприпастапни, а исто така сместени се и …

Read More »

Стечајна постапка за кумановската циглана

st

Се отвори стечајна постапка за керамичко индустрискиот комбинат во Куманово. Оваа беше една од најголемите циглани на Балканот, која што беше приватизирана во 2001 година од грчко-македонска фирма, а во јавноста за нејзин сопственик се сметаше Драган Даравелски, тогашен функционер во Владата предводена од Љупчо Георгиевски, кој што пак сега е во бегство поради аферата “Шпиун”. Според стечајниот управик, Зоран …

Read More »

Затворениот базен во Куманово се отвори за граѓаните

Новиот кумановски затворен базен после долго време откако се изгради, се пушти во употреба и за граѓаните. И покрај тоа што базенот беше пуштен во употреба во август, беше наменет само за спортските клубови и за училишна настава.  Граѓаните чекаа до Нова Година поради сите дозволи што беа потребени да бидат издадени на ЈП Чистота и Зеленило, кое што стопанисува …

Read More »

Новогодишни подароци во Куманово за децата од најранливи категории

Општина Куманово честитањето на новогодишните празници го започна симболично со делење на подароци за деца од најранливи категории на семејства. Дедо Мраз заедно со градоначалникот Дамјановски ги посетија Дневниот центар за престој на деца со попреченост и центарот “Порака наша”. Ќе бидат посетени и децата без родителска грижа, детското одделение во Кумановската болница како и сите деца од ромските семејства. …

Read More »

Дедо Мраз на мотор по деветти пат во Куманово

Мото клубот “Мечки” заедно со нивните колеги од соседна Србија по деветти пат традиционално ја одржуваат манифестацијата “Дедо Мраз на мотор”.  Оваа манифестација се состојува во тоа што членовите на овој мото клуб во предновогодишната атмосфера ги посетуваат најранливите категории на луѓе во Куманово. Оваа година го посетија Дневниот центар за деца со посебни потреби, чии што услуги ги користат …

Read More »

Граѓаните на Куманово бараат мерки против загадувањето

Оваа година Куманово се појавува на листата на најзагадените градови во Македонија. Алармантната состојба со енормно зголемување на честичките ПМ10 и ПМ2.5 ги разбуди граѓаните на Куманово, кои бараат од надлежните институции итно да се преземаат мерки против загадувањето. Од Секторот за животна средина и просторно планирање во Куманово велат дека пристигнале многу жалби од граѓаните во врска со загадувањето, …

Read More »

Куманово се откажа од прослава за Нова Година

Куманово втор пат по ред годинава ја откажува прославата за дочек на Новата Година. Главни мотиви за оваа причина од Општина Куманово велат дека се финансиските проблеми на општината но и целосната економска криза во земјава, поради што не можат да си го дозволат тоа. Од морални причини и солидарност со сиромашните кои се повеќе ги има во градов, но …

Read More »