Североисточен регион

Куманово го одбележа Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одбележа во Куманово со сценски перформанс “Пат околу светот” на лицата кои се дел од двата дневни центри за лица со посебни потреби. Сценскиот настап на овие лица покажа дека лицата со попреченост во развојот исто така треба да бидат интегрирани во општеството и во секојдневните активности. Покровител на овој настан беше УНДП …

Read More »

Младинска дискусија на Избери што сакаш во Куманово

%d0%b4%d0%b8%d1%81%d0%ba%d1%83%d1%81%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%ba%d1%83%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be

Младинскава кампања “Избери што сакаш” промовирана од страна на младински невладини организации и граѓански активисти одржа дебата и во Куманово. Кампањава за цел има поттикнување на младите да гласаат на престојните избори и запознавање на истите околу изборните процеси. Во Куманово дебатери беа: активистката Александра Давидовска – која укажуваше на личните избори што ги направила во животот и како тие …

Read More »

Секоја трета жена во Куманово е жртва на насилство

Невладината организација ” Флорен Најтингел ”  изврши теренско истражување во Куманово за семејното насилство, анализирајќи го низ родовата призма. Насилството станува се поприсутно во општеството и семејството, најмалку препознатливо и многу ретко се пријавува, велат истражувањата на Флолер Најтингел. Истражувањето било спроведено во рамки на цела територија на Куманово и меѓу сите постоечки етнички заедници. Анализите покажуваат дека секоја трета …

Read More »

Алармантна состојба во Куманово со загаденоста на воздухот

23924215912_fbb1b4ca46_z

Состојбaта со нивото на загаденост на воздухот во Куманово станува алармантна. Мерните станици  во Куманово минатата година не работеа па затоа и граѓаните не беа запознаени со нивото на ПМ честички во воздухот во градот. Куманово преку ноќ стана  еден од градовите со најголемо ниво на загаденост на воздухот. Загаденоста на воздухот во некои денови го надминува и нивото од …

Read More »

Акцијата „Ние одлучуваме“ масовно го зазема Куманово

kum-odlucuvame

Граѓанската акција “Ние одлучуваме” масовно го зазема Куманово денес. Скоро на сите раздвижени локации низ градот беа забележани луѓе со бесплатниот примерок од весникот кој го носи истото име како и акцијата. Активисти од акцијата беа распределени низ сите страни на градот и беа во директен контакт со граѓаните за нивните локални проблеми. Акцијата се одвива двојазично, со цел да …

Read More »

Евро – Атлантскиот Совет на Македонија во Куманово за меѓу-етничките односи

kumanovo

Евро – Атлантскиот Совет на Македонија во Куманово го презентираше истражувањето “Влијанието на Евро – Атлантските интеграции врз меѓу – етничките односи“.  Свои излагања на трибината имаа бизнисменот Трифун Костовски, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, аналитичарот Алберт Муслиу и Исмет Рамадани, претседател на АТА Македонија. Во дискусијата исто така се вклучија и присутните граѓани кои беа заинтересирани да дебатираат на …

Read More »

Ние Одлучуваме започна и во Куманово

zas-ku1

Граѓанската акција “Ние Одлучуваме” вчера во 12 часот започна и во Куманово. Акцијата има за цел да ги поттикне граѓаните на критичко размислување и поттикнување за слободно гласање на изборите. Десетици активисти беа присутни на градскиот плоштад Нова Македонија каде ја најавија акцијата, а потоа се распределија низ различни локации на Куманово. Активистите на граѓаните им доставуваа бесплатен весник кој …

Read More »

Осквернатиот Спомен Костурница во Куманово оставен на заборав од Министерството за култура

ku

Спомен Костурница во Куманово која е во чест на загинатите борци и народни херои од Втората светска војна е оставен на заборав од Министерството за култура, кое што се уште има надлежност над истиот. Локалната власт, организации и група на граѓани постојано го чистат оваа спомен обележје, но безуспешно. Последната акција за средување на споменикот беше спроведена од страна на …

Read More »

Герила акција во Куманово за празникот на ВМРО

%d0%ba%d1%83%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be1

Герила акциите кои опфатија повеќе градови низ Македонија обидувајќи се преку реченици испишани на платна да го претстават се она што ВМРО ДПМНЕ го посакува на граѓаните, беа присутни и во Куманово. На плоштадот “Нова Југославија” во Куманово денес беше присутен хамер со содржина дека некој се бори за меѓуетничка омраза и нетрпеливост, а цитатот се препишуваше на поранешната министерска …

Read More »

Директорот на ЈП Комуналец од Крива Паланка потрошил 250 илјади денари за лични потреби

%d0%ba%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%ba%d0%b0

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија го обвини директорот на ЈП Комуналец од Крива Паланка, Томе Тодоровски дека ги трошел парите на граѓаните за свои лични потреби. Од СДСМ произнесоа во јавноста фактури каде што може да се види како Тодоровски, кадар на Вмро Дпмне, потрошил 250 000 денари на сметка на граѓаните за да се снабдува со апарати за лични потреби …

Read More »

Театарскиот фестивал Денови на Комедија се претвори во збирштина на Дпмне

denovi-na-komedija

Минатата недела во Куманово традиционално се одржуваше 19ти по ред театарски фестивал насловен Денови на комедија, во покровителство од Министерството за култура. На фестивалот учестуваа 13 театри – од Македонија, Србија, Косово и Бугарија. Граѓаните на Куманово и љубителите на театарската уметност останаа без карти годинава за фестивалот. Скоро секој втор заинтересиран добивал одговор дека картите се распродадени, додека на …

Read More »

Во Куманово се спроведува акцијата “Моето маало”

%d0%bc%d0%be%d0%b5%d0%bc%d0%b0%d0%b0%d0%bb%d0%be

Здружението Кумановски акцијаши низ повеќе места во Куманово ја спроведува акцијата која го носи насловот “Моето маало”. Целта е преку ваква граѓанска акција да се разубави градот со тоа што ќе се чисти, средува, збогатува со зеленило и тн. Дел од оваа акција беа и ќе бидат населбите Зелени рид, Гоце Делчев, Средорек, БС Гојчо, Панче Пешев и други места …

Read More »

Стечајката Лилјана Георгиевска на суд

georgievska

На 17-ти и 19-ти месецов, претседателкава на здружението на стечајци УНИТ – Лилјана Георгивска пред суд ќе одговара за нарушување на јавниот ред и мир за протести кои биле во организација на здружението кое го предводи во текот на 2014та година. Поддршка пред Основниот суд ќе и дадат членовите на УНИТ а истовремено бараат и поддршка од политичкиве партии, невладиниве …

Read More »

“Игра на тронови” на Кокино

kokino

За Меѓународниот ден на археологијата УНЕСКО клубот Хаемус заедно со Музеј Куманово и во партнерство со Археолошкиот Институт на Америка денес ќе организира целодневна екскурзија насловена по популарната серија ‘Игра на тронови’. Настанот за цел има промоција на македонската култура и археологија и токму на Меѓународниот ден на археологијата да се потикнува и во иднина организација на настани од ваков …

Read More »

Во Куманово прослава и контрапрослава на 11ти октомври

kumanovo

На 75 годишнината од прославата на почекоток на антифашистичката војна, еден час пред официјалната прослава на Спомен Костурница во Куманово се појави Социјалистичката Партија на Македонија на чело со нивниот претседател Љубосав Иванов – Ѕинго. Неколку автобуси пристигнаа од Кратово и Крива Паланка и положија цвеќе на Спомен Костурницата, каде што свој говор имаше и лидерот на СПМ. Ова предизвика …

Read More »