Скопски регион

Едновечерен изложбен настан „Партизанување – траги на борбата“

Во четврток, со почеток од 19 часот, во просториите на Сојузот на здруженијата на борците од НОВ (Грaдски одбор Скопје) ќе се одржи едновечерен изложбен настан. Изложбата „Партизанување – траги на борбата“ е едновечерна продукција во перформативен формат. Овој изложбен настан е продуциран во рамки на проектот „Траги на борбата“ во организација на Плоштад Слобода од Скопје и нивните партнери Креативен синдикат од Загреб …

Read More »

Хуманитарна акција за Дневниот центар за деца на улица

Утре, со почеток од 20 часот, во Концепт 37 се организира хуманитарна акција која има за цел да помогне на Дневен Центар за деца на улица – Шуто Оризари во рамки на Здружение за заштита на правата на детето. Настанот е во организација на Здружението за општествено економски просперитет – ЧОВЕКОТ ПРЕД СЕ за дневниот центар за деца на улица кој …

Read More »

Скопје домаќин на Меѓународниот ден на укажувачите

На 24 март, во МКЦ со почеток од 14 часот се организира настан по повод Меѓународниот ден на укажувачите. Настанот е во партнерство со Денот на слободен говор на Македонија. Меѓународниот ден на укажувачите и Денот на слободен говор на Македонија се во организација на Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа (SECWP) и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија. SECWP е …

Read More »

„Една Може!“ на 8ми март ги отвори своите простории

16864225_965508293585388_6229358291375284011_n

Вчера со почеток од 17 часот, на улица Народен фронт број 5 се отворија новите простории на „Една може“ . Настанот помина во пријатна атмосфера , се говореше за сите подвизи кои ги направија изминативе години од создадовањето на One can! група за самопомош до формирањето на официјално Здружение за унапредување на правата на еднородителски семејства во земјава, „Една може! – Скопје“. …

Read More »

Марш за женски права

За еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување на 8 март, во среда, со почеток од 12 часот ќе се одржи Маршот за женски права. Настанот е во организација на граѓанската иницијатива „Бори се женски“. „8ми март е Меѓународниот ден на жената кога се одбележува женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност. Во тој дух, Платформата за …

Read More »

Панел дискусија „Жените во јавниот живот“

На 7 март, од 17 до 19 часот, во просториите на ЕУ-инфо центар се одржува панел дискусија со работен наслов „Жените во јавниот живот“. Говорнички на оваа панел дискусија ќе бидат Фатиме Фетаи – специјална јавна обвинителка, Мерсиха Смајлович – химанитарка и борец за правата на бегалците, Ива Матиќ – прва жена пилот во Македонија и Ангелка Пеева Лауренчиќ – директорка …

Read More »

Вечери на Женски Права 2017

Во периодот од 04 до 09 Март 2017 во Младински Културен Центар ќе се одржи осмото издание на Вечерите на Женски Права. Настанот „Вечери на женски права“ е резултат на соработка помеѓу Град Скопје, UN Women, Институт за родови студии при Филозофски факултет на „Универзитет Кирил и Методиј“ и „Унивeрзитет за Аудио-визуелни уметности – ЕСРА“, Скопје. Оваа година настанот е во организација …

Read More »

„Биди фер. За детство без пречки“

На 2 март во Музејот на современа уметност во Скопје, УНИЦЕФ, Европската унија и партнерите ја претставија кампањата „Биди фер. За детство без пречки“. Кампањата е изготвена за да ја мобилизира јавната свест и да обезбеди широка поддршка за правата и вклучувањето на децата со попреченост. Таа се спроведува како дел од регионалниот проект „Заштита на децата од насилство и …

Read More »

Жртвите на семејно насилство преку проектот „Пристап до правда во Македонија“

На 2 март се одржа настан на кој се говореше за барателите на бесплатна правна помош, кои најчесто се  невработени и материјално необезбедени лица кои живеат во лоши услови и на кои правната помош во остварувањето на правата им е повеќе од потребна. Овој настан беше во организација на Проектот за унапредување и промовирање на правото на бесплатна правна помош …

Read More »

Дислексија – пристап, форми и методи

Здружението за дислексија Ајнштајн организира семинар “Дислексија – пристап, форми и методи”. Семинарот ќе се одржи на ден 11.03.2017 година со почеток во 9 часот, тој е наменет за сите родители, наставници, дефектолози, логопеди, педагози, психолози и за сите заинтересирани граѓани. Свое учество на настанот ќе земат Проф. Д-р Орхидеја Шурбановска- Институт за психологија при УКИМ (Емоционален развој на децата со дислексија, Поддршка …

Read More »

Презентација: Квартален извештај од следењето на работата на ДЗР

На 07 март 2017 со почеток во 10:00 часот во Хотел Холидеј ин во Скопје, ќе се одржи промоција на проектот: “Зајакнување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“, како и на презентацијата на првиот квартален извештај од следењето на работата на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој што е подготвен како дел од овој проект. Покрај промоцијата на настанот ќе се зборува …

Read More »

„Вработување за секој“ во организација на Finance Think

На 2 март, во четврток со почеток од 12 часот институтот за економско истражување и политики FINANCE THINK организира тркалезна маса во хотел Порта Скопје. Тркалезната маса е со работен наслов „Вработување за секој“ на која ќе се дискутира за проблемите и можностите за вработување на социјално ранливите лица и младите, и предлог нови мерки за полесна интергација на пазарот на …

Read More »

Ние сме Карпош 4 во акција за садење дрвја на 4 локации во Карпош 4

16939281_393821587645840_7563087215628254920_n

Граѓанската иницијатива Ние сме Карпош 4 во соработка со Еко свест денес одржа акција во која беа засадени над 30 дрвја на 4 локации во Карпош 4. Посадени се 4 смреки, 3 брези, 5 каталпи кон булеварот Партизански одреди и 22 мали зимзелени лејланди кои се посадени во парковите кон Сити мол. Членовите на оваа иницијатива се неуморни борци и …

Read More »

Направи добро дело, дарувај крв!

Сојузот на извидници на Македонија како дел од прославата по повод Светскиот ден на извидниците, 22ри февруари, организира акција за донирање крв во сорботка со Црвениот Крст. Ова е еден многуте настани кој е дел од акцијата “Направи добро дело”. Акцијата “Направи добро дело” претставува низа активности со кои сакаме да прикажеме дел од работата на извидниците и нашата заложба …

Read More »

Граѓанската иницијатива „Во Одбрана на Дебар Маало“ со нова акција „Здравјето пред профитот“

Граѓанската иницијатива „Во Одбрана на Дебар Маало“ започнува нова акција „Здравјето пред профитот“ . Тие бараат мораториум за градење во Дебар Маало и Градскиот Парк се додека не се изработат и прифатат издржани научни студии за загаденост, густина на населеност и издржани сообраќајни решенија во Дебар Маало и Градскиот Парк. Од иницијативата порачуваат дека граѓаните на Центар треба да постават …

Read More »