Скопски регион

„Мене не ми е Валентин“ во организација на „Бори се женски“

Во среда, на 15ти февруари, од 13 до 15 часот, во Јавна соба се организира настан чија цел е критички да го преиспита значењето на романтичната љубов, а директен повод е 14 февруари, Ст. Валентин, празникот на вљубените. Настанот го организираат Бори се женски, UN Women и  FES Skopje. Со години, митот за романтичната љубов (по можност крунисана со брак), преставувана како едно …

Read More »

Соседите не нѝ се виновни за енормното загадување во Општина Карпош

Општина Карпош со паушални изјави за енормното загадување на 05.02.2017, Фото: Преземено од веб на Општина Карпош

Според резултатите од истражувањето на Финскиот институт за метеорологија и Австриската агенција за животна средина, а по барање на Градот Скопје, прекуграничниот пренос на загадувачки супстанци придонесува со 2 проценти на загадувањето во Скопје.

Read More »

Дарувај крв, спаси живот

Денес, со почеток од 11 часот па се до 17 часот, советот на млади на општина Центар организира крводарителска акција. Акцијата ќе се одржи во просториите на Канцеларијата за млади на општина Центар. Настанот  е организиран во соработка и поддршка од : Општина Центар, Канцеларија за млади на општина Центар, Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Центар, Институтот за трансфузиона медицина. Советот …

Read More »

Национализми, споменици и идентитет на културата, предавање

Во среда, на 15ти февруари од 19 30 до 21 часот во Гем ќе се одржи настан на кој свое предавње ќе одржи Линеа Вест, писателка и кураторка која живее и работи во Њујорк. Предавањето на Линеа Вест е дел од серијата настани кои се поврзуваат со наградата ДЕНЕС, награда која се доделува секоја втора година на млад визуелен уметник до 35 години …

Read More »

Граѓанската иницијатива “Ние сме Карпош 4” со презентација на Физибилити студија

Граѓанската иницијатива “Ние сме Карпош 4” во вторник, 07 фавруари 2017, од 18 часот во Кинотеката на Македонија ќе ја презентира “Физибилити Студијата за Градска Четврт 3 02 – Карпош 4 – Општина Карпош – Скопје” Физибилити студијата за Карпош 4 е изработена во декември 2015 година од стручни независни лица и содржи сериозни показатели за негативното влијание на предложениот …

Read More »

Најзагрозените семејства од поплавите до 10ти февруари треба да ги напуштат прифатните центри

Половина година по поплавите во скопско Стајковци и Синѓилич, дел од настраданите семејства повторно се соочуваат со негрижа на државата. Околу 120 лица кои беа сместени во домот „Томе Серафимовски Сенич“ и 20 лица сместени во домот „Партеније Зографски“, деновиве добиле известување со кое треба до 10ти  февруари да го напуштат привременото сместување. Снегот, поларните температури, минималниот надоместок за штетите …

Read More »

Развој на стратегии за вклученоста на жените на локално ниво

На втори февруари,со почеток од 16 часот  се одржува работилница за развој на стратегии за вклученоста на жените на локално ниво. Настанот ќе биде поделен на два дела и ќе опфати две фокус групи, работилницата за една фокус група е предвидено да трае еден час. Во првата таргет група која е со почеток од 16 часот можат да се пријават жени …

Read More »

Нова сеча на дрвја во Градскиот парк, сите молчат, мерките против загадувањето ги нема

Проблемот со загадувањето на воздухот не се решава со препораки, туку со сериозни превентивни мерки. Нивото на загаденост на воздухот одамна го има вклучено црвениот аларм. Цената која за жал ја плаќаме е големиот број заболени и смртни случаи. Минатата недела се одржа завршната конференција на Твининг-проектот за проектот за проблемите во областа на квалитетот на воздухот. На завршната конференција …

Read More »

Заледените улици инспирација за албумот Ски центар Карпош 2017

На социјалните мрежи постојано се прикачуваат фотографии од револтирани граѓани на Карпош. “Граѓаните на Карпош се гневни на локалната самоуправа, неисчистениот снег се претвори во мраз. Движењето по споредните улици се одвива отежнато. Ова е реалноста во Општина Карпош. Пешаците не можат да се движат безбедно. Заледените тротоари, скали, пешачки патеки се најчестата слика деновиве. Целосно се блокирани и заледени влезовите …

Read More »

„EYE CON“ прва меѓународна конференција за младинска вработливост во Македонија

Националниот младински совет на Македонија, на 31 јануари во Скопје ќе ја организира првата меѓународна конференција за младинска вработливост во Македонија. Националниот младински совет на Македонијае претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 55 организации: 25 младински организации, 15 организации за млади, 2 сојузи, 8 подмладоци на политичките партии и 5 придружни членки, со цел да се промовираат и …

Read More »

Критична маса 57 им зададе предизвик на идните кандидати за градоначалници на локалните избори

Во среда, 25 јануари, со почеток од 17 часот и 30 минути започнува Критична маса 57 . Плоштадот Македонија е означен како собирно место за почеток на рутата. Учесниците ќе возат до сите институции за кои тие сметаат дека можат да влијаат на политиките за намалување на загадувањето: Собрание, Влада, Град Скопје а за завршна локација е избрано Министерството за животна …

Read More »

Заедница за сите, проекција и визија на лицата со посебни потреби

Здружение СОЛЕМ, заедно со Фондација Отворено општество-Македонија на 24-ти и 25-ти јануари на Скопскиoт саем организираат настан на кој ќе се проектираат серија на документарни филмови од наградуваниот режисер Томислав Жаја. СОЛЕМ е здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби. СОЛЕМ е организација која заедно со возрасните лица со интелектуална попреченост работи на нивно информирање, охрабрување и оспособување, …

Read More »

Национален проект „Македонија без отпад“, во Македонија има 18 875 м3 отпад

Чистење на отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, развивањето на свестa кај граѓаните за правилно управување со отпадот но и развивањето на механизми за подобро справување со неорганизираното и незаконското фрлање на отпад се основните постулати  на националниот проект „Македонија без отпад“ . „Ајде Македонија“ со поддршка на Швајцарската агенција за поддршка и развој (СДЦ) преку програмата …

Read More »

Жителите на Шуто Оризари и Топанско Поле пишуваат петиција за 9ка и 19ка , градот Скопје донесе одлука за измени на автобуските линии

Граѓаните на населбите Топанско Поле и Шуто Оризари покренаа петиција за враќање на автобуските линии на ЈСП-Скопје кои се обраќаат на оваа релација. Имено , без најава ЈСП- Скопје по Нова година ги укина автобуските линии 19ка и 9ка, релација која во најголем број ја користат жителите од Шуто оризари и Топанско Поле. Граѓаните и учениците на овие населени места …

Read More »

Плоштадот Македонија се уште нерасчистен од снег и лед

ск

Помина повеќе од една недела откако снежните врнежи ја зафатија Македонија. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски иако изјави дека екипите за расчистување, се ангажирани со сите свои капацитети, и дека ќе се справат со снежните наноси, ситуацијата на терен воопшто не е таква. Сликите од Плоштадот Македонија го потврдуваат токму спротивното. Плоштадот е делумно расчистен, а и онаму каде што е расчистено, …

Read More »