Скопски регион

Промоција на истражувањето за сексуалноста и сексуалното здравје на младите во Македонија

Денес со почеток од 11 часот во хотелот Холидеј Ин ќе се одржи промоција на истражувањето “Колку се еднакви и безбедни младите во Mакедонија во нивниот сексуален развој и сексуални искуства? – Податоци од HBSCM истражувањето со млади на 15 години “. Оваа публикација, во најголем дел се потпира на истражувачки резултати за сексуалните однесувања, интереси и заштита кај младите (15 …

Read More »

1,5 милион евра за 3 фирми за чистење патишта а граѓаните затрупани со снег

Според порталот СДК.МК но и според Електронскиот систем за јавни набавки „Македонија пат“ има договор вреден 1,5 милион евра со 3 приватни компании за ангажирање механизација за чистење на патиштата. Договорите се склучени со Друштво за транспорт, трговија и услуги НБ-ТРАНС СОМПАНУ ДОО Тетово за над милион евра, со Друштво за производство, трговија и услуги ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ увоз-извоз …

Read More »

Македонија со љубов за Алепо

%d0%b5%d0%b5

Хуманитарната организација “Легис” започнува со новата хуманитарна акција “Македонија со љубов за Алепо”. Целта на оваа кампања е преку различни активности да се анимираат граѓаните за тешката состојба на жителите на Алепо, да се даде поддршка за нивно евакуирање и спасување на што повеќе животи, да се соберат парични средства, а потоа со донираните средства во име на граѓаните на …

Read More »

Прва научна конференција за аерозагадувањe

На 22 декември,со почеток во 11 часот, во Кинотеката на Македонија се одржува првата научна конференција за аерозагадувањето. Светската популација се повеќе се сели во градовите, денес дури 50% од популацијата живее во град, а се очекува во 2050 година високи 80% од светската популација да живее во градовите. На сметка на овие податоци, градот располага со се помалку простор за …

Read More »

Зовриени страсти и потпалувачки пораки

„Спонтано“ собрани бранители на победата на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК Фото:Принтскрин

Запаливата реторика во настапите на Божиновска, Милошоски, Димовски, Петрoвски, Ѓорчев, Амди Бајрам, всушност и не е некакво големо изнанадување, со оглед на фактот што вратата за говори кои натежнаа од гнев и омраза, уште пред две недели ја отвори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.  Токму Груевски од митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево,   му порача на  Заев дека „доколку Гоце Делчев …

Read More »

“Будење” во недела, изложба на фотографии во Јавна соба

Анче Туфекчиева, мајка на девојче со даунов синдром, основач и член на Здружението „Вера“ од Струмица, Даниела Мирческа, мајка на дете со ретка болест заедно со Ирена Мила, Елена Фидановска, Теано Кардула – фотографки и активистки, илустраторката Верица Пиперевска,социологот Иванна Хаџиевска се дамите кои самоиницијативно ја започнаа кампањата „Будење“. Во светот денес живеат околу 7,5 милијарди луѓе. Околу 1 милијарда се …

Read More »

Марш на црвениот чадор

Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје, годинава на 17-ти декември по деветти пат со слоганот „Слободниот избор е право, а не привилегија” се приклучува кон Глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Вообичаено со црвени чадори – глобалниот симбол на сексуалната работа, ќе маршираат сексуални работници, …

Read More »

“Градот моли: ме угушивте, ме боли!” детска едукативна претстава за аерозагадувањето

Скопје Смог Аларм подржан од Еко свест, во соработка со колектив Ветерница, подготви детска едукативна претстава која како тематика го обработува проблемот со аерозагадувањето на сликовит и интересен начин . Мјузикл кој преку најубавите детски песни успева да го задржи вниманието дури и на најмалите, со една цел – зголемување на нивото на свест за последиците од загадувањето, од кое …

Read More »

Чистење на аквадуктот во Визбегово

Во недела, 18 декември, од 12 до 14 часот, граѓанската иницијатива “Мрдни со прст” во соработка со Младинскиот национален совет и Светската организација на движењето на скаутите, организира чистење на отпадоците кои се расфрлани околу скопскиот аквадукт во Визбегово. Овој археолошки локалитет претставува една од позначајните знаменитости на градот Скопје . Датумот на неговата изградба до скоро не бил познат. Се …

Read More »

Мој термин за чист воздух

Здружените граѓански иницијативи: “Скопје Смог Аларм”, “Скопје бара чист воздух”, “Let’s do it Macedonia – Ајде Македонија”, “Сакаме Аеродром да дише”, “No Pasaran!”, “Во одбрана на Дебар Маало” организираат граѓански собир под мотото Мој термин за чист воздух. “Имаме најголемо аерозагадување од канцерогени PM2.5 честички во Европа (39.4 mg/m3 годишен просек), според Светска Банка. Четворица македонци умираат во просек дневно …

Read More »

Мојот суперхерој е мајка

Во пресрет на кампањата 16 дена активизам за спречување на насилство врз жените, Центарот за младински активизам- КРИК и People to People International – PTPI Skopje, Macedonia Community Chapter , се приклучуваат кон кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата” и ја покренуваат темата за структурното насилство со коешто се соочуваат жените- мајки на децата со попреченост. …

Read More »

Прва национална ЛГБТИ-конференција во Македонија

Во понеделник, на 5ти декември, со почеток во од 10:00 до 14:00 во Бест Вестерн Хотел Турист, Скопје се одржува првата национална ЛГБТИ конференција во Македонија. Во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, Субверзивен фронт изработи детална анализа на застапеноста на ЛГБТИ-проблематиките во програмите на политичките партии, а испрати и прашалник за вклученоста на ЛГБТИ до 31 политичка …

Read More »

Започнува кампањата за одбележување на интернационалниот ден на лицата со посебни потреби

Во сабота, со почеток во 12 часот, на Плоштад Македонија се обележува интернационалниот ден на лицата со хендикеп, попреченост во развојот и лицата со посебни потреби во организација на иницијативата “Промени ја перспективата прифати го невродиверзитетот “. Невродиверзитет е концепт според кој, невролошките разлики и различности, треба да бидат препознаени и почитувани како и секоја друга човекова варијација. Активно и …

Read More »

Платформата за ХИВ го упатува последниот повик за акција и минимум лидерство за да се спречи затворање на сите програми за ХИВ и епидимија на ХИВ во државата

За Република Македонија, ова е последниот 1 Декември, во којшто земјата добива меѓународна поддршка за да ги спроведува интервенциите од Националната програма за ХИВ. Имено, поддршката на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија којшто инвестира во националните стратегии од 2004 година завршува најдоцна до јули 2017 година. Благодарение на оваа поддршка,  Македонија успеа да ја одржи контролата …

Read More »

Протестен марш на Платформата за ХИВ

Платформата за ХИВ, на 1ви декември, Меѓународниот ден за борба против СИДА, организира протестен марш . Протестниот марш треба да го изрази  нашето незадоволство од донесувањето на скратениот буџет за националната програма за ХИВ, да даде поддршка на лицата кои живеат со ХИВ и им оддаде почит на лицата кои ги изгубиле животите од СИДА. Настанот ќе започне со прес конференција …

Read More »