Скопски регион

Денот на дрвото, фасада за еколошката деструкција на Скопје

ke_disheme

Активистите за здрава животна средина и чист воздух не останаа рамнодушни на акцијата Ден на дрвото. Имено денес  градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски на прес-конференција во време на изборна кампања  ги презентираа деталите за акцијата Ден на дрвото , што ќе се одржува утре 30.11.2016 година, на територијата на целата држава. …

Read More »

Протест и герила акција на жителите на Карпош 4

Недостатокот од паркинг места и зелени површини веќе подолг период претставуваат проблем на жителите на Карпош 4. Неизбежна слика во секојдневието на граѓаните на оваа скопска општина претставуваат непрописно паркираните автомобили. Велат нема ден а да не затекнат непознати автомобили пред своите влезови, до клупите во парковите и насекаде каде ќе се најде слободен простор. Неколкупати ги повикувале надлежните служби …

Read More »

ЗАДОЦНЕТАТА САНАЦИЈА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА,ОПАСНОСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ

ob

Јавното претпријатие за државни патишта доставило барање за добивање на согласност до Советот за јавни набавки за користење на постапка со преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност. Советот за јавни набавки донело Решение со кое се дава согласност за користење на постапка со преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност. Тие доставиле покани …

Read More »

ПЛОШТАД СЛОБОДА СО ВЕБ САЈТ ЗА САМО-ЕДУКАЦИЈА НА ГРАЃАНИ “ГРАД ЗА СИТЕ”

sk

Во четврток со почеток во 11 часот во кино Култура граѓанската организација Плоштад слобода во соработка со Heinrich-Böll-Stiftung го промовира веб сајтот “Град за сите”. Преку овој веб сервис е замислено да се  да се споделуваат вештини и знаење потребни за еманципација на граѓаните да учествуваат во планирањето на своите градови. За потребите на оваа платформа изработени се видеа на …

Read More »

“Ние одлучуваме” во Градскиот парк-Скопje

%d1%81%d0%ba

Денеска караванот на “Ние одлучуваме” го посети Градскиот парк во Скопje. Малку после 13 часот групата активисти пристигна со нивниот камион пред фонтана и започнаа со своjoт перформанс, коj имаше за цел да ги охрабри граѓаните да го искористат своето право на глас на следните избори. Активистите преку мегафони испраќаа пораки до граѓаните кои шетаа во паркот да не потклекнуваат …

Read More »

ЛГБТИ ЦЕНТАР -ЧЕТВРТИ РОДЕНДЕН И ПРОМОЦИЈА НА ИНТЕРНЕТ АЛАТКА ЗА АГРЕГИРАЊЕ НА ГОВОР НА ОМРАЗА

lgbtrodenden

Во недела, со почеток во 20 часот во барот Менада во Старата Скопска Чаршија ЛГБТИ Центарот за поддршка го прославува својот четврти роденден. На настанот ќе биде промовирана нова интернет алатка за агрегирање на случаи на говор на омраза, злосторства од омраза и дискриминација, базирани на сексуална ориентација или родов идентитет. Различни,слободни и еднакви е пораката која ја испраќаат организаторите …

Read More »

И КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ПРАЗНУВА

%d0%ba%d1%851

Во својот опис на работа Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје наведува дека нивна основна работа претставува: собирање комунален отпад, чистење на јавните површини (рачно метење,машинско метење, рачно/машинско миење со цистерни, прочистување), селекција на отпад и трансфер центри како и третман на животни скитници. Граѓаните секој месец од своите приходи плаќаат на ова јавно претпријатие за да ги извршуваат овие функции.Наместо …

Read More »

ИДНИНАТА Е МЕЃУ ТВОИТЕ НОЗЕ

idnina

Коалицијата  „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ организира фестивал  „ Иднината е меѓу твоите нозе “ во кино Фросина од 20 до 23 октомври. Фестивалот ќе биде посветен  на сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видеото во екс Југославија. За разлика од националистички ориентираната историографија на ревизионизам, и нејзиното неправедно хомогенизирање на комплексноста на југословенското наследство под капата …

Read More »

Општина Центар преку проектен форум ги вклучува граѓаните за одлуки на локално ниво

centar-forum1

Во хотелот Холидеј Ин со почеток од 18 часот започна  граѓанскиот проектен форум на општина Центар организиран во соработка со  Центарот на заедницата на општина Центар. Центарот на заедницата на општина Центар е формиран во рамки на проектот „Општина по мерка на граѓаните“, од страна на општина Центар и Фондација Отворено општество – Македонија, со цел да придонесе за активно …

Read More »

КАКО СKOПЈЕ 2014 ГИ ИЗЕДЕ УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ДОБРА

sk1

„Плоштад Слобода“, денес, со почеток од  19 часот во кино Kултура одржува jавен настан “Град за сите: Што да се прави со Скопје 2014?”. Поделен е во два дела, во првиот се презентира краток филм „Како Скопје 2014 ги изеде урбаните заеднички добра“ а во вториот дел се организира панел дискусија со двајца врвни претставници на професијата која овие 10 …

Read More »

Како да се подобри работата на месната самоуправа во Македонија

priracnik1

Денес во хотелот „Континентал“ во Скопје беше презентиран прирачникот „Како да се подобри работата на месната самоуправа во Македонија“. Овој прирачник е дел од проектот „Зајакнување на капацитетите на месните и урбаните заедници“ изготвен од Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје, во соработка со Европски Центар СН7 од Теарце, а со поддршка од Програмата за поддршка …

Read More »

“Куршумли Ан” даден на користење бесплатно во наредните 10 години

an

Куршумли Aн е отстапен на амбасадата на Република Турција во Македонија и турскиот културен центар Јунуз Емре на десет годишно користење, од страна на Владата на РМ. Оваа одлука е објавена во Службен весник во февруари 2016та. Во неа се наведуваат два члена: Прв член : “Со оваа одлука се даваат на времено користење недвижни ствари – простории во објект, …

Read More »

ПРОМОЦИЈА НА ПРИРАЧНИК ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

inter

На 8 октомври, 2016 во Градски парк Скопје, со почеток во 11:00 часот ќе се случи промоцијата на Прирачникот „40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите” ученици во организација на Интергратика. ИНТЕГРАТИКА e Интернет-катче посветено на промоција и афирмација на концептот на интегрирано образование, како еден од клучните столбови во градењето на потолерантно општество и …

Read More »

Граѓански протест пред собранието: Сакате ли епидемија на ХИВ?

protest2

Пред Собранието се организира протестен собир поради кратењето на буџетот, поради кое 15.000 припадници на групи под најголем ризик од ХИВ и нивните семејства ќе останат без бесплатните средства за превенција и брзи тестови за рано откривање на ХИВ. На протестот се истакнати транспаренти: „Сакате епидемија на ХИВ?“, „Кој сака да ја зацрни Македонија?“, „Поевтино е да се спречи, отколку да се лечи!“. …

Read More »

ВЛАДАТА ГИ СТАВА ПОД РИЗИК ЖИВОТИТЕ НА НАЈМАЛКУ 15.000 ГРАЃАНИ

hiv

Во четврток со почеток во 11 часот пред Собранието на РМ се организира протестен собир. Со буџетот од 2017 година 15.000 припадници на групи под најголем ризик од ХИВ и нивните семејства ќе останат без бесплатните средства за превенција и брзи тестови за рано откривање на ХИВ. Преку теренските сервиси на граѓанскиот сектор на годишно ниво се нудат повеќе од …

Read More »