статус

Понеделник на скопскиот аеродром, ќе се чекираат Нуланд и банкарите жедни за каматата од нашата обврзница

јани

Понеделник на скопскиот аеродром, ќе се чекираат Нуланд и банкарите жедни за каматата од нашата обврзница. Случајно, хм? Камерите, сосема природно, ќе ја следат Нуланд, а нашите очи и уши ќе бидат кон нејзините средби. За тоа време, под некоја клима, добро угостени, банкарите заради свој интерес и зошто не живеат тука, ќе ја втурнат Македонија во нова уште поголема …

Read More »

Како ја промашувавме големата игра

vasko1

За да спречат прераспоредувања во МВР ако евентуално се направи некаква преодна влада во која МВР ќе има министер/ка од опозицијата, МВРО донесе закон со кој на прадлог на министер/ката, владата ќе одлучува за систематизацијата и решенијата во МВР. Тоа значи дека, на пример: Ако министерот/ката реши да го прераспредели началникот или командирот кој издал наредба да се тепаат студенти, …

Read More »

Победила демократијата?!

dzeljo

Победила демократијата?! Да, “победила” според нивната логика исто како и кога се затвораше А1 ТВ и трите весника, кога се затвараа Велија, Љубе, Кежаровски, кога се исфрлаа пратеници и новинари од Собрание на 24 декември, кога гласаа луѓе од Пустец во Центар со адреси од ливади, кајсии, непостоечки влезови од зграда, кога ордите на режимот ја демолираа општина Центар, кога …

Read More »

Сакаме ли да живееме под ваков режим?

branimir

Она што се случи вчера беше целосно демаскирање на режимот. Студентите, кои мирно протестираа против нерегуларности на изборите за Студентскиот Парламент, кој е здружение на граѓани во кое тие членуваат а не јавна институција, беа насилно растерани од страна на бројни специјални полициски сили, со полна воена опрема. Од таа бруталност се срамеа дури и некои од полицајците, што се …

Read More »

СИ ГИ ПОЗНАВАТЕ ЛИ МИНИСТРИТЕ ВО ВЛАДАТА ОД АНОНИМУСИ?

dzeljo

Емил Димитриев е премиер на Владата на Р.Македонија, а никаде го нема во јавноста да изнесе ставови како државата да излезе од големата општествена криза. Има ли овој човек свои ставови или е само марионета на Груевски и фамилијата? Добро, знам, не е на место прашањето. Сепак, дали памтите некое негово излагање или предлог политика? Му ја препознавате ли бојата …

Read More »

Неславно завршија партиско-политичките кумства

jove

Кумовска (не)лојалност Искрен да бидам, од кога се раскина најсилната партиско-политичка кумовска врска во Македонија (кум Ставревски му откажа лојалност на кумашинот Груевски), не ме напушта размислата дали е ова проклетството кое го носи таквиот традиционален чин кога е во прашање кумството од интерес. Не случајно германскиот амбасадор во Црна Гора, Томас Шмит, во една прилика заклучил дека црногорските ,,мафијашки …

Read More »

Граѓаните да бидат активно вклучени во преговарачкиот процес

zbr

Опозицијата денес преку пресот на Заев јавно и јасно се согласи граѓаните да бидат активно вклучени во преговарачкиот процес и најави дека ќе дејствуваат граѓаните да бидат директни учесници во решението на кризата. На ред се да се изјаснат странските дипломати кои ги иницираат и организираат разговорите и преговорите и останатите политички партии кои до сега седеа на пржинските маси. …

Read More »

Жални мои вмровци и квази вмровци – до кое ниво ве донесоа!

jove

ПОВТОРНО за ,,АМАЛИТЕ НА ТУЃИОТ СРАМ“ Во неделата навечер одбрана квази вмровска елита на коктел и фанфари во Музејот на ВМРО. Дотерана во тоалета по најнова мода и намирисана со најскапи парфеми. Вчера измачени ,,амали на туѓиот срам“ приморани на улица на +45 степени, без вода да вршат притисок врз судот за ослободување на осомничениот Талевски. Јас искрено не видов …

Read More »

Павле Богоевски: Никој не заслужува да живее во овие мизерни услови на режимска диктатура!

pavlebogoevski

Не ме плашат лисици и влечење по земја, ме плаши помислата на уште десет години под Груевски. Како човек кој знае што се’ се има случено во нашава држава, кои кривични дела ги има сторено власта и кои докази постојат за тоа, јас не можам да седам мирен. Нема да бидам послушен и доцилен граѓанин, кој дозволува злодела, неправда и …

Read More »

Ајде, „Двојче“, не туку се криј!

zdravko-pres

Ајде, двојче, не туку се криј, не туку плачи до пајташите да те спасат од куќен притвор. Гледај од позитивната страна, колку побрзо почнеш да си ја одлежуваш казната толку побрзо и ќе излезеш на слобода. Таму некаде во 2020-тите. Знам дека ја немаш нашата цврстина, дека ќе ти биде стопати потешко тебе во куќен притвор од што ни беше …

Read More »

Селективна правда или спора пошта?

branimir

Здравко Савески и Владимир Куновски од Левица четири дена го чекаа решението дека им е укинат куќниот притвор. Владимир Талески од ВМРО-ДПМНЕ четири дена го чека решението дека му е одреден куќен притвор. Селективна правда? Ма не. Само спора пошта. Бранимир Јовановиќ

Read More »

Знам против што сум, се гледаме утре на протест!

dzeljo

Знае дека крадат, слушал како краделе, гледа како крадат, милијарди евра се во прашање, да ги собереш сите влади од 45-та до 2006-та година заедно немаат 1/3 проневерено кo овие сами за 10 години. Фатени 100:0 како прислушкувале над 20.000 луѓе. Ја дуплирале администрацијата со 100.000 свои војници, не може плата да им поделат ако не нè задолжат. Најлошо јавно …

Read More »

#‎ШаренаРеволуција‬ – најатрактивниот Македонски производ

bogoev

За сите шпекуланти, ‪#‎ШаренаРеволуција‬ е толку искрена и чиста, што моментално претставува најатрактивниот Македонски производ кој ги исполнува содржините на светските медиуми. Баш така, во млада, мултиетничка држава се обединија различни етникуми против селективната правда и угнетени човекови права, и тоа се направи без ниту една жртва, само со флрање боја по силно наметнатиот нацинализам преку “потемкиновата архитектура“. Граѓани на …

Read More »

Ќе победиме, зашто врвка ни е работата ако изгубиме

vasko1

Уставен суд нема да ја разгледува претставката за СЈО. Тоа значи дека се остава можност да го прогласи законот за СЈО за неуставен, да не зборам дека може и повлекувањето на аболицијата да се прогласи за неуставно… Нé чека долга борба, ама ќе победиме, зашто врвка ни е работата ако изгубиме. ‪#‎протестирам‬

Read More »

Ништо не е вечно, а најмалку ваквата корумпирана власт

vladimir

Вчера за време на протестот во Скопје свративме до една продавничка да купиме пиво. Беше 20:30 и не знаевме дека забраната важи после 21:00 па мислев дека нема да ни дадат, но сепак решивме да пробаме бидејќи знаеме дека многу продавници не ја почитуваат забраната и скришно даваат пиење. Само што влеговме внатре видов на каса како продавачката им дава …

Read More »