Вардарски регион

Мониторинг на програмата за социјална заштита на Општина Велес

    Презентиран е Извештајот од спроведениот мониторинг на Програмата за социјална заштита на Општина Велес од страна на Институтот за Демоктарија „Социетас Цивилис“ заедно со Асоцијацијата за Демократски иницијативи, Организацијата на жени од Свети Николе и Здружението на лица со церебрална парализа а во рамки на проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите“. “Самата програма …

Read More »

Ротари клуб Кавадарци донираше фитнес центарот на отворено

Нов проект на Ротари клубот од Кавадарци, фитнес центар на отворено добија кавадаречките рекреативци кај спортскиот центар под спортската сала „Јасмин” . Овој проект благодарение на ротари клубот е пуштен во користење и истиот чини околу 5000 евра а е дел од зацртаното од изминатата календарска 2015/2016 година. Наредниот нивен проект ќе биде подобрување на условите за згрижување на децата …

Read More »

Куче искаса четригодишно дете во Неготино

Четири рани, две на задниот дел од главата, една на левото рамо и една на левата потколеница е епилогот од немилиот настан во општина Неготино каде во неколку наврати дете било изгризано од куче, соопштувааат од општа болница Кавадарци. Оттаму велат дека детето е преплашено, повеќепати е гризнато но е надвор од животна опасност. Овој немил настан се случил во …

Read More »

Неконтролирана сеча на дрвја во близина на изворот „Лукар”

Изворот „Лукар”  ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со околните села. Се почесто водата за пиење е со жолтеникава боја во периоди и на најситен дожд. Ситуацијата е алармантна, жителите од овој регион стравуваат за своето здравје. „ Мора да реагираме за да запре неконтролираната сеча што Македонски шуми ја врши во непосредна близина …

Read More »

Отворен е НВО центар во Кавадарци

Во општина Кавадарци се реализира проектот “НВО Центар” каде локалната самоуправа со огромна помош на УСАИД им излезе во пресрет на дел од здруженијата и невладините организации од овој регион да можат своите активности да ги извршуваат во сопствени простории. Изградбата на овој проект чини 70.000 евра додека неговото опремување изнесува 800.000 денари. Здруженијата ја искажаа својата благодарност до сите …

Read More »

Опасност од рударски активности на Кожув планина, на мета изворот Лукар!?

Биодиверзитетот на планината Кожув може сериозно да биде доведен во прашање, доколку се реализираат планирањата за отворање на рудник за минерални суровини. Опасност постои и за водоводниот систем Лукар, бидејќи се издадени концесии за детални геолошки испитувања за злато во Гладница и Дудица. Граѓанската иницијатива „Спас за Гевгелија” започна иницијатива за спас на планината Кожув од нејзино уништување бидејќи во …

Read More »

Црната кампања продолжува и во Кавадарци, кавадарчани одговорија со отворено писмо

Утрово „ урбаното “ Кавадарци осамна во својата примитивна колевка. Денес, Кавадарци осамна излепен и обвиен со некакви ,,потерници’’, навидум  некролози од Бетиан Китев, пратеник од СДСМ, претставник од општина Кавадарци. Не успеавме да го добиме на линија Китев, но за Фокус изјави дека за време на локалните избори во 2013 година се случи истото што и денес. „ Како може …

Read More »

Неуспешен обид за бегање во минатото од реалните проблеми на Кавадарци

“ Кавадарци денес е еден од градовите во Македонија со најлоша патна инфраструктира, како и еден од најзагадените градови со ПМ 10 честички. Кражбите во Кавадарци денес се повеќекратно зголемени од пред 10 години. Лозарите ја имаа најтешката година во историјата на виновата лоза. Истрошениот политичар и градоначалник во заминување Александар Панов, припишувајќи си приватни инвестиции како свои заслуги, повторно …

Read More »

Изграден едвај половина од гасоводот до Неготино

Едвај половина од гасоводната траса на релација Штип-Неготино е изградена а според ветувањата на надлежните овој проект треба да се реализира до крајот на 2017 година. Од “Македонски енергетски ресурси” велат дека овој сегмент од магистралниот гасовод е во должина од 36 километри и истиот чини 16.000.000 евра. Оттаму велат дека истиот ќе биде изграден до крајот на годинава како …

Read More »

Домаќински е хидроцентрала да прави ЈП Комуналец a парите да одат кај кавадарчани

На точка на дневен ред на 54-та седница на совет на општина Кавадарци беше постапка за доделување на јавно приватно партнертво за проектирање, финансирање, изградба, стопанисување и пренос на мала хидроцентрала на регионалниот водоснабдителен систем Лукар. Зоран Бањански, советник од опозицијата во советот на општина Кавадарци вели дека според истражувањето за еден киловат час изградена мини хидроцентрала чини од 900 …

Read More »

Панов и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту еден суштински проект

desa

ОО на СДСМ Кавадарци упати серија обвинувања до градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов,затоа што во двата мандата со кои го предводеше градот не реализирал ниту еден капитален и суштински проект и дека во изминативе два мандата не реализирал голем дел од ветените проекти. Претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев обвини дека Панов и ВМРО-ДПМНЕ немале повеќе кредибилитет …

Read More »

Ширење на говор на омраза од страна на кавадаречкиот градоначалник Алексадар Панов

Како се ближи рокот за оддржување на локалните избори во Република Македонија така се помалку се бираат средства и зборови од страна на некои ликови од политичката сцена кои планираат да се вклучат или да помогнат во градоначалничката трка. Последно од серијата ширење говор на омраза, манипулација без факти и создавање крива перцепција кај населението во Република Македонија е дело …

Read More »

Демолирање на автомобили во Кавадарци

kv1

Изминатите неколку денови на територијата на општина Кавадарци се случија немили настани во кои беа демолирани автомобили во ноќните часови на неколку локации од градот. Возило „Дачиа Логан“ е опожарено во ноќните часови на ул. „Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, од засега неутврдени причини. Опожареното возило е сопственост на кавадарчанец вработен во Министерството за внатрешни работи. Пожарот е локализиран. Увид на …

Read More »

Градоначалникот на Росоман се обидува да протне нејасна програма во советот

ro

Неуспешен обид за протнување на програмата за изградба на локални патишта и улици во Росоман од страна на градоначалникот Стојанче Лазов, реагира советничката група на СДСМ од општина Росоман. Своевремено била изгласана одлука за ревизија на 1.100.000 денари за реконструкција, проширување и тампонирање на локалниот пат Манастирец-Трстеник. Оваа одлука ја подржале и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, но ревизија никогаш не се …

Read More »

Парното греење во СОУ„Св. Кирил и Методиј“ од Неготино функционира непречено

Директорката на неготинската гимназија Оливера Николова-Ташева ја информира пошироката јавност дека второто полугодие во средното општинско училиште “Св.Кирил и Методиј” од Неготино започна без проблеми со функционирање на парно греењето. Таа ги демантира информациите кои беа споделени по социјалните мрежи дека парното греење во неготинската гимназија не беше во функција кога беа бележани екстремно ниски температури. Од училиштето велат дека …

Read More »