Вардарски регион

Предизборна честитка за кавадарчани: ново задолжување од 800.000 евра

kavadarci

Општина Кавадарци со одлука на поголем дел од членовите на советот отпочнува постапка за задолжување на своите сограѓани за нови неверојатни 50 милиони денари или околу 800 илјади евра. Вистинска драма во зградата на локалната самоуправа на општина Кадарци по одлуката на локалните власти да се земе уште еден, нов заем, со кој граѓаните на општина Кавадарци дополнително ќе бидат …

Read More »

Во Кавадарци се гради најчудната градинка во светот

kav-gradinka-2

На невообичаена локација во кругот на медицинскиот центар, локалната власт на општина Кавадарци со помош на владата на Република Македонија ќе гради детска градинка. Станува збор за уривање на старата биохемиска лабораторија и на нејзино место треба да “легне” новата градинка. Во овие моменти објектот е во фаза на изградба. Во негова непосредна близина се наоѓаат неколку амбуланти и ординации. …

Read More »

Единственот споменик од средновековниот период во Кавадарци, оставен на забот од времето

%d0%ba%d0%b0%d0%b2

Единствен сочуван споменик на културата од средновековниот период во општина Кавадарци, лоциран во централното градско подрачје е Марковата кула. Кулата е градена од камен и малтер. Нејзините ѕидови достигаат дебелина од еден метар. По својата форма, таа е четвртаста и достигнува височина од околу 20 метри. Кулата е на пет ката. Првиот и вториот кат се без прозорци, а на …

Read More »

Кавадарци е лидер по бројот на (не)вработени во Македонија?!

kav

Според Благој Борисов, раководител на Центарот за вработување во Кавадарци, општина Кавадарци е лидер по бројот на (не)вработени во Македонија. Благој вели дека успехот на намалување на невработеноста е резултат на активните мерки и политики за вработување што ги нуди државата. „Аналитички гледано во периодот од 2006 до 2016 година Кавадарци е на прво место по намалувањето на бројот на невработени. …

Read More »

Професор тепал ученик, подоцна бил унапреден во директор

k3

Потресна вест за кавадаречката јавност, професор од средно училиште вршел насилство врз ученик. Во 2009 година тогашниот професор Благој Димитров бил пријавен и судот пресудува дека е виновен. После неколку години истиот професор унапреден во директор на истото училиште. “Скандал врз скандал се врзува за директорот на средното општинско земјоделско училиште “Ѓорче Петров” од Кавадарци, но градоначалникот Панов упорно го …

Read More »

Нацистички симболи во центарот на Кавадарци

%d0%ba1

Кукасти крстови исцртани со боја сред градскиот зелен пазар кој се наоѓа во центарот на Кавадарци. Веќе подолго време оваа глетка боди очи на секојдневните минувачи, купувачи и пазарџии. Не знам точно но најмалку година време над оваа чечма се испишуваат нацистички симболи. Не знам кој би можел да го прави тоа но пораката е невкусна. Еве мојата тезга е …

Read More »

Проблеми со откупот на грозјето во општина Росоман

rosoman

На редовна седница во општина Росоман се дискутираше за катастрофалната состојба со откупот на грозје која не ги одмина и росоманските лозари. Советниците на општина Росоман, кои доаѓаат од редовите владејачката ДПМНЕ со заклучок дека главната вина е кај самите земјоделци и нивниот начин кој што ги обработуваат лозовите насади а притоа имаат проблем со пласманот. Откупот на грозје има …

Read More »

Кавадарчани сѐ посиромашни, функционерите од власта сѐ побогати

%d0%ba%d0%ba

„Граѓаните осиромашуваат, а функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат“ изјави на прес конференција претседателот на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев. “Додека лозарите се соочуваат со убедливо најтешката и најкатастрофалната година со откупот на грозје, претседателката на советот на општина Кавадарци, Горица Пеливанова, во својот анкетен лист пријавила три стана во Скопје и два стана во Кавадарци во вредност од 536.000 евра.” Становите …

Read More »

Скандал околу тендерот за зонското паркирање во Кавадарци

opstinakavadarci

Хаосот со сообраќајот кој се случува во општина Кавадарци последниот период, ги наведе надлежните во локалната самоуправа на општината да на 20.04.2016 година донесат одлука за започнување постапка за доделување на договор за концесија за давање на услуги на паркирање во општина Кавадарци. За таа намена формирана е и посебна комисија од страна на градоначалникот Александар Панов. Во членот 8 …

Read More »

Руиниран е градскиот стадион “Тиквеш”, суспендиран е кавадаречкиот фудбал

stadion2

Сагата на фудбалскиот клуб “Љубанци” од Кавадарци продолжува во надолна линија “ФК Љубанци” од Кавадарци беше домаќин на натпреварот од четвртото коло од втората македонска фудбалска лига против екипата на “Еуромилк”. Овој натпревар наместо да се одигра на градскиот стадион “Тиквеш” во Кавадарци како домаќини кавадарчани одиграа во Гевгелија. Причината е во тоа што градскиот стадион не ги исполнува минимум …

Read More »

Градоначалникот Панов пропагира патриотизам, а спомениците во Кавадарци руинирани

bisti1

Општина Кавадарци го прослави 7-ми септември, денот на ослободувањето на општината од фашистичкиот окупатор и од теророт кој беше вршен врз населението. За разлика од минатите години, кога се чествуваа спомен бистите, кога имаше манифестации и приредби во чест на загинатите херои, годинава на 7-ми септември во општина  Кавадарци тоа изостана затоа што врнеше силен дожд. По повод 7-ми септември, со …

Read More »

Герила акција во Кавадарци: “Имате пари за „Панорамско тркало“, а немате за лозарите?”

trkalo

Група граѓански активисти од Кавадарци направија герила акција по повод манифестацијата “Тиквешки Гроздобер” . За време на карневалската поворка беше изваден огромен транспарент-платно на кој пишуваше:  “Имате пари за панорамско тркало а немате за лозарите?”.  Ова се случуваше очи в очи со градоначалникот Александар Панов, советниците од локалната самоуправа како и останатата гостинска делегација кои седеа во свечената ложа наспроти транспарентот. Активистите носеа …

Read More »