вести

Критичка расправа: „Може ли политичката криза во Македонија да се надмине без граѓанско учество во преговорите?“

baner fb

„Може ли политичката криза во Македонија да се надмине без граѓанско учество во преговорите и спроведување на политичкиот договор?“ e прашањето на критичката расправа што ќе се оддржи денес во Мобилната галерија, Парк на Франкофонија, во 19.30 часот, во организација на “Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики“ и здружение на граѓани „Есперанца …

Read More »

Продолжува прогонот врз демонстранти на Шарена револуција

pol

Битола, 18 јули, 2016 – 11:03 (META)  Скопското јавно обвинителство им испратило покани за распит на битолскиот фармер Душко Илиевски и на тутунарот Кире Неделковски, поради учеството на протестите во Скопје во април годинава, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. Илиевски и Неделковски, според поканите што им биле доставени, биле осомничени за …

Read More »

Николовски: Ревизорот откри сомнителни 3 милиони евра за чистење канали

ljupco-nikolovski

Скопје, 17 јули, 2016 (META)  Власта на Груевски не само што делела и исплаќала субвенции на сомнителен начин, туку и огромни суми пари преку програмата за рурален развој на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица за чистење канали, изјави на денешната прес-конференција Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на СДСМ.

Read More »

Ивон Величковски: Прикажувањето на евро-обврзницата како странска инвестиција е нон-сенс

ivon

Министерот за финансии пред неколку дена за „Сител“ изјави дека се наоѓа на „инвестициско роуд шоу“ за еврообврзницата: „Веќе неколку дена владиниот тим се наоѓа на таканаречено инвестициско роуд шоу кое што покрива повеќе финансиски центри, тоа се Лондон, Њујорк и Бостон. Во текот на ова инвестициско роуд шоу остварени се повеќе од педесеттина состаноци со заинтересирани инвеститори, кои што …

Read More »

Еволуција на ВМРО-ДПМНЕ: Пред шест години канабисот беше најопасна дрога, а сега е најбезбеден лек

kanab2is

Поминаа шест години  од спектакуларното политичко апсење на земјоделецот Душко Илиевски на неговата нива, поради сомнение дека е производител на дрога – марихуана. Апсењето се случи на 15.07.2010, откако земјоделецот јавно ја обвинуваше власта за криминали во случајот „Сведмилк“, откако зборуваше на митинг на СДСМ и го прими во својот дом лидерот на СДСМ. Пред шест години, провладините медиуми започнаа вистинска пропагандна хајка …

Read More »

Пропаганден автогол: Писарчето на „Николомини“ ги оцрнува „Шарените револуционери на Пиколомини“

skopjehh2

Во пропагандниот напис „Шарените „револуционери“ на Пиколомини“, од најнаградуваниот „преродбенички“ писар Блаже Миневски, тој ги нарекува „Шарените револуционери“ „легионерите на „бомбашот“ Пиколомини“ кои сакаат да и наштетат на „очигледната македонска културна ренесанса“. За да ја оствари својата пропагандна намера и да ги оцрни „шарените револуционери“, Миневски тврди дека австрискиот генерал Пиколомини го запалил Скопје „за да не им остави ништо …

Read More »

Една година од раскревањето на “Кампот на слободата” (“Слободиште”)

predvladata

На денешен ден, точно пред една година беше раскренат опозицискиот “Камп на слободата” (популарно наречен “Слободиште”) од страна на демонстрантите коишто шеесет дена, од масовниот митинг на 17 мај 2015 пред Владата, бараа оставка на премиерот Никола Груевски и на неговите најблиски соработници како предуслов за организирање предвремени фер и демократски избори. Пред раскревањето на кампот, опозицискиот лидер Зоран Заев на демонстрантите …

Read More »

Колку повеќе владата се задолжува со еврообврзница, толку повеќе млади би се иселиле во ЕУ!

stop

Зошто 83.7 проценти од младите би се иселиле од Македонија, како што ни укажа најновата анкета?  Сигурно не поради невозвратена љубов, како што тврдеше професорката, експертка, членка на управни одбори, радио-водителка, научничка на годината и експертка во Венецијанската комисија – д-р Каракамишева. Да потсетиме што кажа авторот на проектот „Скопје 2014“ Никола Груевски пред точно две години, на 16.07.2014. Јавно …

Read More »

Марјан Забрчанец: Одбраната на СЈО зависи исклучиво од граѓаните

zbr

Во колумна за „Радио Слободна Европа“, граѓанскиот активист Марјан Забрчанец пишува: „Пропуштивме шанса за решавање на кризата на еден поинаков, подемократски начин, но токму поради тоа, наместо дополнително да се исклучуваме себеси и да запаѓаме во агонии, нашиот следен налет треба да биде уште поорганизиран, подолготраен, потемелен и повеќе политички“. Според Забрчанец, „Меѓународната и партиите не го прифатија предлогот за …

Read More »

Дојче веле: „Мојата борба“ на Адолф Хитлер може да се купи во супермаркет до книгите за деца

hitl

Во написот „Нацистичка литература на продажба во скопските супер маркети“ објавен на „Дојче Веле“ се укажува дека книгата „Мојата борба“ на Адолф Хитлер е на продажба во дел од супер маркетите во Скопје: „Во делот за книги, веднаш помеѓу литературата за деца и светските бестселери, на промоција за само 200 денари може да се купи една од најконтроверзните книги во …

Read More »

Дали со огласот на МВР се кршат правата на кандидатите за полицајци?

policija31

Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за прием на 600 полициски службеници во кој од кандидатите се бара при поднесувањети на пријава да потпишат „изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата“. Според мислењето на правници со кои се консултираше …

Read More »

СДСМ контра ВМРО-ДПМНЕ: Дали задолжувањето со еврообврзница ќе се троши на плати и пензии?

јд

Во вчерашното обвинување на СДСМ дека сака да и наштети не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на државата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски имплицираше дека парите од еврообврзницата се наменети за исплата на пензии, социјална помош, плати во администрацијата и субвенции за земјоделците: „Очигледно е дека СДСМ со ова сака да направи нова деструкција, ново кочење, нов проблем. Очигледно е дека сака …

Read More »

НАТО, САД и ЕУ го поддржаа Ердоган, кој преживеа обид за воен удар

erd

НАТО, САД и ЕУ го поддржаа Ердоган, кој ноќва преживеа обид за воен удар. Мета извести дека има најмалку 40 загинати и 754 уапсени во обидот за државен удар во Турција, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето до јавноста по обидот за државен удар од страна на војската изјави дека одговорните жестоко ќе платат. „Повикувам на умереност, смиреност и …

Read More »

Една година откако потписниците на „Договорот од Пржино“ се договорија за СЈО и преодна влада 100 дена пред изборите

mkd-205394

На 15 јули се навршува точно една година откако потписниците на „Договорот од Пржино“ од 2 јуни потпишаа протокол во кој се обврзаа дека до 15 септември 2015 треба да се избере нов „специјален обвинител со целосна автономија да ги води истрагите околу и кои произлегуваат од пресретнувањето на комуникациите“. Четирите партии се согласија и на правилото дека тековната влада ќе …

Read More »