вести

Владата на Груевски потрошила 130 милиони евра за реклами, промотори и за „роуд шоуа“

Mile-Boshnjakovski

Претходната влада потрошила повеќе од 31 милион евра од буџетот на државата за рекламирање на бизнис-потенцијалите на земјава во странски медиуми, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. На прес-конференцијата, Бошњаковски ги објави податоците за сумите од буџетот што претходната влада ги потрошила за привлекување странски инвестиции во земјава. Како што истакна портпаролот на Владата, станува збор за …

Read More »

За да добијат бесплатни документи, новинарите треба да објаснат зошто ги бараат

marija-boskovska-centralen-registar-860x680

Централниот регистар денеска информираше на кој начин новинарите може да го остварат своето право на бесплатен пристап до информации откако Владата на 26. седница донесе ваква одлука. Во одлуката на Владата стои дека Централниот регистар и Агенцијата за катастар за недвижности треба во рок од 30 дена да им овозможат на новинарите бесплатен пристап до јавните исправи кои ги издаваат овие …

Read More »

Заев: Можевме во МРТ да ја смениме целата гарнитура, но ќе ги почекаме реформите

MRTV

„Можевме во МРТ политички да ја промениме целата гарнитура, како што бил трендот и претходно, но во време кога зборуваме за реформи, меѓу кои едни од најзначајните се медиумските реформи, тоа треба да се случи со реформите. Заев не треба да поставува директор таму или, пак, СДСМ, ниту пак уредници“, рече премиерот Зоран Заев синоќа во емисијата „Отворено“ на „Телевизија …

Read More »

Новинарските здруженија бараат 30 милиони евра за МРТ од буџетот на државата

Судбината на МРТВ во рацете на новата Влада

Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика во медиумите на Македонија до Министерството за информатичко општество и администрација доставиле забелешки за нацрт-законот за изменување и за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Новинарските организации сметаат дека еден процент од буџетот на државата треба да се одвои за финансирање на МРТ, затоа што сметаат дека МРТ е …

Read More »

АВМУ: ТВ „Нова“ и „Алфа“ се пристрасни, а другите медиуми пласираат псевдовести

Agencija-za-audio-i-audiovizuelni-mediumski-uslugi-fev17-Meta

Радиодифузерите продолжуваат да ја следат веќе востановената уредувачка политика при известувањетo, при што особено се истакнува непочитувањето на професионалното начело за еднаков третман на различните гледишта, се вели во извештајот од надзорот на изборното медиумско известување за периодот од 27 август до 5 септември 2017 година, што го спроведува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Агенцијата ги издвојува ТВ „Алфа“ и …

Read More »

Совет за етика на медиумите: Дебатна емисија на телевизија „Нова“ разгорува стереотипи

Sovet-za-etika1

Комисијата за жалби при Советот за етика на медиумите на Македонија ја прогласила за основана жалбата поднесена од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ против телевизија „Нова“ за дебатната емисија „Отворено студио“. Станува збор за дебатната емисија со наслов „За или против геј бракови“, која се емитуваше на 17 јули 2017 година. Во својата одлука, Комисијата за жалби најпрво …

Read More »

ЗНМ и Манчевски разговараа за можното субвенционирање на весниците

znm-i-manchevski-sredba-1024x597

Здружението на новинарите на Македонија заедно со претставници на печатените медиуми, денеска со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, разговараа за можноста за субвенционирање на печатените медиуми во Македонија. Темата беше иницирана од ЗНМ за да се помогне на весниците да се прилагодат на новите услови за работење на пазарот, особено по појавата на интернетот и на социјалните мрежи. …

Read More »

ССНМ го поздрави бесплатниот пристап до документи од Карастарот и од Централниот регистар

centralen-registar-860x680

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја поздрави одлуката на Владата за бесплатен пристап на истражувачките новинари до документите од Централен регистар и од Агенцијата за катастар на недвижностите, и истовремено побара власта да го измени Законот за пристап до информации од јавен карактер. „Сметаме дека со оваа одлука на истражувачките новинари ќе им се олесни пристапот до информациите, што ќе ја …

Read More »

Новинарите бесплатно ќе добиваат информации од Централниот регистар и од Катастарот

mediumi-televizii-860x645

  Владата на денешната седница ја усвоија изјавата за изразување силна политичка волја и поддршка на нејзините институции за континуирана примена на етичкиот кодекс за медиумско известување, како и за силно охрабрување на примената и почитувањето на системот за медиумска саморегулација, соопшти владината прес-служба. „Правото на медиумите и на новинарите слободно и непречено да известуваат и да истражуваат, владата денеска …

Read More »

Трајчевски: Независноста на АВМУ ќе се наруши ако се стави под капата на Владата

zoran-trajcevski1

Укинувањето на радиодифузната такса и финансирањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од буџетот ќе ја наруши независноста на институцијата и ќе ја стави под капата на Владата, оцени денеска директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, на отворањето на Конференцијата со регулаторните тела за медиумите од Бугарија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска и од Словенија, организирана по повод 20 …

Read More »

Загадување од арсен во Карпош: Богоев најавува формирање на еко полиција

gjub

СДСМ го обвини градоначалникот Стевчо Јакимовски дека го игнорира загадувањето со канцерогениот арсен во Карпош. “Додека граѓаните на Карпош дишат опасен воздух, кој не е доволно испитан, локалната власт предводена од Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ со години го игнорираат овој огромен проблем на општината”, изјави Стефан Богоев, кандидат за градоначалник на СДСМ. Богоев најави попис на зелените површини, нови паркови и формирање на …

Read More »

НМ: Со укинувањето на рекламите ќе прекине коруптивната врска меѓу власта и медиумите

znm1

  Укинувањето на рекламите ќе ги ослободи медиумите од финансиската зависност од Владата, која во изминатиот период стана еден од најголемите огласувачи во медиумите, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), по повод одлуката на Владата да ги укине владините реклами во приватните медиуми. Од ЗНМ сметаат дека на тој начин „ќе се прекине коруптивната врска помеѓу власта и медиумите, бидејќи преку …

Read More »

Раштак: Нема чиста вода за пиење, автобусите се нередовни, дива депонија

rastakvlez

Жителите на Раштак (општина Гази Баба) најмногу се жалат на недостиг на чиста вода за пиење. Исто така, имаат потреба и од поредовни автобуски линии и асфалтирани патишта. На влезот на Раштак од општина Бутел забележлива е дива депонија. Видео: Рамадан Ибиши и Жарко Трајаноски, монтажа и текст Жарко Трајаноски. Граѓанската иницијатива за “Мапирање на проблемите, потребите и барањата на …

Read More »

Хелсиншки комитет: Граѓанската иницијатива „Излези и ти“ иницира говор на омраза и ксенофобија

pot

Интергрален текст на соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права: Граѓанската иницијатива „Излези и ти“ иницира говор на омраза и ксенофобијаХелсиншкиот комитет континуирано ги следи медиумските известувања по однос на граѓанскатаиницијатива која се спроведува деновиве во неколку градови во земјата и која има за цел дасобере потписи против изградба на наводни кампови за бегалците кои транзитираат низ РМ напатот кон …

Read More »

Љубанци: Нема полиција, амбуланта и месната заедница не функционира

ljubancimesna

Жителите на село Љубанци, општина Бутел, се пожалија на нефункционирање на полицијата и шумската полиција која не се грижи за шумите кои систематски се уништуваат. Исто така, укажаа и на нефункционирањето на амбулантата и месната заедница, како и на потребата за продолжување на автобуската линија.

Read More »