Tag Archives: Влада

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

vlada-rm-860x680

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за работа на Македонската радио-телевизија (МРТ) за 2018 година и предлог – одлука за одобрување на финансискиот план за 2018 година на МРТ. „Оваа одлука е придружена со мислењето на Владата во кое се истакнува дека ненавременото ставање на годишната програма за работа на МРТ не …

Read More »

Нови 90 вработувања побарал вториот канал на МТВ од Владата

Migena-Gorenca

Уредничката на вториот канал на МТВ, Мигена Горенца, вели дека веднаш по донесувањето на измените за емитување програма на албански јазик 24 часа, во јуни, испратила извештај  до Владата за состојбата со кадар и со техника, како и за сè што треба да им се обезбеди за да ја остварат програмата. – Во тој извештај, правен пред да знаеме дека ќе …

Read More »

Програмите на МРТ на јазиците на националностите едвај составуваат крај со крај

Jonathan-Stoneman-na-kraj-levo-za-4-kanal-MRT-trkalezna-masa-na-OBSE-27noe17-Meta

„Ромската редакција во МТВ има само еден човек, за програмата на српски јазик ангажирани се еден или двајца. Вработените во редакциите на помалите етнички заедници и во телевизијата и во радиото на јавниот радиодифузен сервис честопати работат во руинирани простории, без доволно столчиња и бироа, а тешко доаѓаат до техника и камери. Се чувствуваат изолирани и другите, а демотивирани се …

Read More »

Селмани: Манчевски кажува флоскули, а Владата сака да владее со медиумите

Naser-Selmani-i-Katerina-Kolozova-22-noe17-Meta

„Законот е премногу детализиран, до инфантилизирање, до карикатуралност, дотаму да се одредува која програма кога да се емитува. Со него се ограничува слободата на изразувањето и, уште повеќе, ќе се воведе цензура и автоцензура во медиумите“, наведе Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН) на денешната презентација на нивниот извештај „Проценка на ефектите на постоечката …

Read More »

Манчевски: За законот за ААВМУ не ни се брза, а за законот за медиуми – апсолутно не се брза

Damjan-Mancevski-ESociety860x680-1

Ако за законот за ААВМУ не ни се брза, за законот за медиуми – апсолутно не ни се брза да го донесеме, изјави денеска министерот за информатичко општество и за администрација, Дамјан Манчевски, во паузата на 13. Kонференција „Е-општество“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. – Законот за ААВМУ веќе три години се дебатира и нема да се брза, …

Read More »

СЕММ: Државата да не се меша во саморегулацијата на медиумите

kameri-860x680

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска порача дека ниту една влада или политичка партија не треба да одлучува во име на медиумите, реагирајќи на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според СЕММ, мора да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите, кој сè повеќе се прифаќа. „Поставувањето …

Read More »

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Naser-Selmani-debata-zakon-za-AVMU-20noe17-Meta

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да се саморегулираат, оти таа не треба да биде авторот на реформите на медиумите, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната дебата за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која Владата ја организираше како продолжение на досегашната расправа со медиумите и со …

Read More »

Селмани: Владата сака да ја игра улогата на главен уредник на медиумите

ZNM-OBSE

За Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е апсолутно неприфатлива идејата на Владата таа да ја регулира медиумската содржина, истакнал претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, на средбата со новиот генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, кој е во посета на земјава, а на која учествувале претставници на пет граѓански организации. „Тоа е во спротивност со најдобрите практики во европските демократии“, …

Read More »

Манчевски: Владата нема да иницира регулирање на работата на порталите

Damjan-Mancevski-860x680

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска соопшти дека Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми за да се регулира работата на порталите. Сепак, тој додаде дека остануваат отворени за сугестии за законот ако професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа. – Промените во Законот за медиуми, ако има потреба, треба да дојдат по барање …

Read More »

Долгот на МРТ ги отежнува медиумските реформи, Владата не расправала на таа тема

Mile_Boshnjakovski_Portparol

Владата е свесна за ситуацијата со долгот на „Македонската радио-телевизија“ (МРТ), но досега нема разговарано за овој проблем, изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Тој додаде дека долгот дополнително ги отежнува медиумските реформи. – Свесни сме за ситуацијата. Во тек се реформите во медиумскиот дел според препораките на Прибе. Самиот долг е нешто што дополнително ги отежнува работите, но …

Read More »

До крајот на ноември ќе биде финализиран законот за аудиовизуелни медиумски услуги

kameri-860x680

Министерството за информатичко општество и администрација вчера почна со подготовка на конечната верзија на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој, според роковникот на Владата, треба да биде готов до 30 ноември. За донесување на законот во Собранието е потребно двотретинско мнозинство. Една од причините за изменување и за дополнување на законот, како што се наведува во известувањето, …

Read More »

Подготвени се измените на клучниот медиумски закон

800px-EU-Media-Futures-Forum-pic_0

Клучните промени се кај Агенцијата за медиуми и кај МРТВ. Се менуваат начините и условите за избор на членови на Советот на Агенцијата, на Програмскиот совет на МРТВ, како и условите за кандидатите за директори. Се укинува и радиодифузната такса – ќе биде заменета со решение 0.7 отсто од Буџетот на РМ… Пишува: Теофил Блажевски Реформите во медиумската сфера започнаа неодамна …

Read More »

Со 0,5 отсто од Буџетот МРТ ќе има значително помалку пари од порано

Судбината на МРТВ во рацете на новата Влада

Со издвојување на 0,5 отсто од државниот буџет ,односно околу 885 милиони денари (14,4 милиони евра) за Македонската радиотелевизија (МРТ), националниот сервис ќе има помалку пари на располагање од буџетите во изнинатите неколку години, кои беа од 18 до 23 милиони евра. Оваа сума, како што пишува „Вистиномер“, но, и како што предупредија Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Независниот …

Read More »

Селмани: Правдањето на Владата дека нема пари за МРТВ е неубедливо и несериозно

Naser-Selmani

За Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е неприфатливо тврдењето на Владата дека нема пари за финансирање на МРТВ со еден отсто од државниот буџет, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Здружението неодамна ги достави своите забелешки за измените и за дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од кои главната забелешка …

Read More »

Владата на Груевски потрошила 130 милиони евра за реклами, промотори и за „роуд шоуа“

Mile-Boshnjakovski

Претходната влада потрошила повеќе од 31 милион евра од буџетот на државата за рекламирање на бизнис-потенцијалите на земјава во странски медиуми, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. На прес-конференцијата, Бошњаковски ги објави податоците за сумите од буџетот што претходната влада ги потрошила за привлекување странски инвестиции во земјава. Како што истакна портпаролот на Владата, станува збор за …

Read More »