Tag Archives: новинари

ЗНМ: Лани биле нападнати 18 новинари, никој не е повикан на одговорност

Naser-Selmani

Минатата година во Македонија вкупно се регистрирани 18 напади на новинари, од кои 13 физички и вербални напади, додека останатите се навреди, попречување во работа и уништување на имотот, се вели во Извештајот за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија за 2017 година кој денеска го презентираше Здружението на новинари. – Минатата година во Македонија новинарите беа …

Read More »

Новинарските здруженија се против „владино законодавство“, бараат саморегулација

Debata-zakon-za-mediumi-Damjan-Manchevski-Robert-Popovski-21dek17-Meta

На македонското новинарство воопшто не му е потребен закон за медиуми, па постоечкиот треба да се укине, а не да се размислува за нова верзија, порача Тамара Чаусидис, претседателката на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија (ССНМ) на денешната дебата „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“, која ја организираа Министерството за информатичко општество …

Read More »

Тимоние: И новинарите и дипломатите мора да се борат за слободата на изразување

Kristijan-Timonie-i-Samuel-Zhbogar-Mirjana-Lazarova-Trajkovska-promocija-19dek17-Meta

И новинарите, но и дипломатите имаат одговорност за демократијата и за борбата за слободата на изразување и во таа борба не смее да се молчи, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние на денешната промоција на публикацијата „Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права“ од д-р Мирјана Лазарова – Трајковска, која се одржа во Клубот на новинари …

Read More »

Синдикатот на новинарите и правно ќе се бори за заштита на авторските права

ssnm

Кршењето на авторските права на новинарите, фоторепортерите и снимателите од страна на медиумите ќе биде предмет на правна помош и заштита од страна на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), беше соопштено на денешната прес конференција на Синдикатот. – Авторските права мора да се почитуваат и медиумите да престанат да бидат учесници во нивното кршење, бидејќи тие се …

Read More »

Нови 90 вработувања побарал вториот канал на МТВ од Владата

Migena-Gorenca

Уредничката на вториот канал на МТВ, Мигена Горенца, вели дека веднаш по донесувањето на измените за емитување програма на албански јазик 24 часа, во јуни, испратила извештај  до Владата за состојбата со кадар и со техника, како и за сè што треба да им се обезбеди за да ја остварат програмата. – Во тој извештај, правен пред да знаеме дека ќе …

Read More »

Селмани: Правдањето на Владата дека нема пари за МРТВ е неубедливо и несериозно

Naser-Selmani

За Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е неприфатливо тврдењето на Владата дека нема пари за финансирање на МРТВ со еден отсто од државниот буџет, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Здружението неодамна ги достави своите забелешки за измените и за дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од кои главната забелешка …

Read More »

За да добијат бесплатни документи, новинарите треба да објаснат зошто ги бараат

marija-boskovska-centralen-registar-860x680

Централниот регистар денеска информираше на кој начин новинарите може да го остварат своето право на бесплатен пристап до информации откако Владата на 26. седница донесе ваква одлука. Во одлуката на Владата стои дека Централниот регистар и Агенцијата за катастар за недвижности треба во рок од 30 дена да им овозможат на новинарите бесплатен пристап до јавните исправи кои ги издаваат овие …

Read More »

Совет за етика на медиумите: Дебатна емисија на телевизија „Нова“ разгорува стереотипи

Sovet-za-etika1

Комисијата за жалби при Советот за етика на медиумите на Македонија ја прогласила за основана жалбата поднесена од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ против телевизија „Нова“ за дебатната емисија „Отворено студио“. Станува збор за дебатната емисија со наслов „За или против геј бракови“, која се емитуваше на 17 јули 2017 година. Во својата одлука, Комисијата за жалби најпрво …

Read More »

ССНМ го поздрави бесплатниот пристап до документи од Карастарот и од Централниот регистар

centralen-registar-860x680

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја поздрави одлуката на Владата за бесплатен пристап на истражувачките новинари до документите од Централен регистар и од Агенцијата за катастар на недвижностите, и истовремено побара власта да го измени Законот за пристап до информации од јавен карактер. „Сметаме дека со оваа одлука на истражувачките новинари ќе им се олесни пристапот до информациите, што ќе ја …

Read More »

Новинарите бесплатно ќе добиваат информации од Централниот регистар и од Катастарот

mediumi-televizii-860x645

  Владата на денешната седница ја усвоија изјавата за изразување силна политичка волја и поддршка на нејзините институции за континуирана примена на етичкиот кодекс за медиумско известување, како и за силно охрабрување на примената и почитувањето на системот за медиумска саморегулација, соопшти владината прес-служба. „Правото на медиумите и на новинарите слободно и непречено да известуваат и да истражуваат, владата денеска …

Read More »